Зошто не сакам да одам на одмор во парови?

Лето е, жешко е, се вариме како вклучени на „тројка“ и си ги тенчиме нервите додека мозокот ни станува каша. Нормално, сите зборуваме за тоа кој каде бил или ќе оди на летен одмор.

zosto-ne-sakam-da-odam-na-odmor-vo-parovi-001.jpg

На прашањето „Со кого ќе одите на одмор“ секогаш го имам истиот одговор: „Сами“.

И секогаш,  скоро без исклучок, добивам некое чудење од другата страна и поткренување веѓи.

„Како тоа сами? Зрем не ви е досадно? И што правите сами по цел ден?“

Како да е тоа најскандалозното нешто кое го слушнале. Пар кој оди сам на одмор.

Можеби од страна делуваме како некои чудаци или крајно асоцијални суштества. Секако дека не сме почудни од кои било други луѓе на денешницава, а имаме и премногу пријатели.

Сепак, одбивам моите 10 дена одмор да ги делам со пријателите, кога останатите 355 сум со нив, роднините или со колегите од работа.

Зошто во тие 10 дена кои жедно ги сонувам, макотрпно ги очекувам со душа, повторно да ги гледам истите луѓе со кои сум постојано во текот на годината?

Што се однесува до одморот во парови или со повеќе парови, треба навистина да те послужи космичка среќа сé да помине во најдобар ред и мир и да не се вратите подналутени или скарани.

Ако веќе толку сакаш друштво секогаш ја имаш опцијата да запознаеш некого таму и да си поминеш 16 пати подобро. Не залудно се рекло - тргни со некого на одмор, запознај го вистински каков е - и ако сакаш да се скараш, ќе успееш во намерата.

Кога се тргнува на одмор секогаш се оди со идејата дека – и мене ми е одмор, и тебе ти е одмор и секој треба да го прави она што го сака и му одговара. Нема лутење, нели? Разумен компромис.

Арно ама, луѓето многу тешко ја варат оваа идеја. На одмор вообичаено се претвораат во мали разгалени дечиња кои како да немале еден ден независнот.

„Вие рано ќе одите на плажа? Леле, ние па сакаме да си поспиеме. А зошто не нé почекате, да одиме заедно?“

А зошто би ве чекале? Го знаете патот до плажата, зарем не? Впрочем, зошто мора да сме како слепо врзани црева и каде одат едните, таму постојано да следат и другите?

Јас сакам да уживам рано на плажа. Друг сака да поспие до подоцна. Секој нека си прави што сака. Зошто јас би чекала некого или некој би ме чекал мене?

Истото се случува и со јадењето, излегувањето, прошетките. „Вие тука сакате да јадете?“ ве прашуваат со таков скептичен маченички поглед, да ти се одмили јадењето.

Да, тука сакам да јадам, од нога или сакам да седнам и да јадам цели 3 часа. И сега заради тебе и во името на разумниот компромис, кој патем го правам само јас, морам да го обликувам одморот онака како што замислил другиот пар, според нивните желби и навики.

Не сакам, просто не сакам. Тоа не е одмор, тоа е мачење. Тоа е замор.

Најлошо е кога едниот од паровите ќе реши да се испокара и таму да ги реши сите проблеми во врската, оние кои се протегаат од самиот почеток до крајот. Ете таму, токму на плажата помеѓу сончањето и мачкањето со млеко за тело, таму ќе се решат сите проблеми кои ги мачат, јасно и гласно, сите да слушнат и разберат.

Па така жената жално се довлечкува барајќи утеха. Мажот го прибира твојот партнер да локаат некаде пиво, а жената има желба за сепарација со заклучокот: „Остави ги ти мажите, да си седиме ние жените на раат“.

Оф, жено, девојко, маченичке! Не сакам да седам со тебе на раат. Сум дошла на одмор да бидам со маж ми. Да се посветиме еден на друг, да си ја воскреснеме конекцијата која ни затапува од работа, обврски, проблеми, од реалноста наречена живот.

Сериозно немам желба да зборувам за тебе и твојата врска и проблемите, за фарбите за коса, за маникири и сé останато.

Тоа го правиме дома постојано, кога сме на излегување и кафиња. Впрочем, одморот не ми е за тоа.

Одморот ми е да се одморам од сите. Не да се заморувам со истите работи со кои сум опкружена дома.

Поради овие и сите други ситни и крупни работи, велам НЕ на одморот со парови. Барем засега. Барем додека немам деца па сум приморана да одам со други парови кои имаат деца, за да не им биде досадно на малите. Тогаш можеби и ќе се жртвувам и ќе трпам замор, наместо одмор. Сега сигурно нема.

Патем, како што реков, на некои им е навистина тешко да ја сварат идејата како одиме сами на одмор и што правиме по цел ден. Нели ни е досадно сами?

Мене па ми е тешко да ја сварам идејата како еден пар не може да помине ниту еден ден сам, па се постојано зависни од друштво и други луѓе. Ако уште отсега ви е досадно еден со друг, што остана да се каже за понатаму?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg