Шоуто на TLC за мали мисици: Девојчиња со шминка и високи потпетици - дали светот сосема полуде?

„TLC“ е ТВ канал, кој ја задоволува желбата на Американците, а сѐ повеќе и на сите останати ширум светот, за ѕиркање во туѓата приватност преку низа на реални шоуа.

shouto na tlc za mali misici devojchinja so shminka i visoki potpetici dali svetot sosema polude 01

Реалните шоуа од година во година се повеќе ги имаме, па од оние за најпознатите светски крими мистерии до купување на куќи на егзотични дестинации, кои се совршен начин за релаксирање на мозокот, има и онакви од кои ќе ви се запали мозокот. Токму така, ќе ви се запали од нервоза.

Едно од нив е шоуто за мали убавици „Pretty Little Pageant Queens “, каде девојчиња на 2, 5 или 11 години облечени како вистински тетки парадираат на сцената, а жири ги оценува дали се убави, шармантни и забавни.

Со вештачки трепки, тон шминка на себе, тапирана коса, светкави куси фустани и чевли со високи потпетици, овие природно прекрасни девојчиња изгледаат како маскоти и тоа, верувале или не, токму од рацете на своите родители.

shouto na tlc za mali misici devojchinja so shminka i visoki potpetici dali svetot sosema polude 02

Преку нив тие ги остваруваат своите изнереализирани соништа и се грабаат за внимание, правејќи од своите деца материјал за покажување. Овој потег на крајот од денот става огромен товар на рамената од овие девојчиња, а тие се под стрес да бидат најдобри за да видат насмевка на лицата на своите  мајки и поглед на одобрување.

Но, конкуренцијата е огромна, па често завршуваат во солзи и поразени. Наместо да си играат безгрижно тие вежбаат манeкенски од и однесување како на возрасни мисици, па неретко кога ќе пораснат завршуваат и несигурни и исфрустрирани и многу поподложни на пороци.

За среќа, кај нас сѐ уште нема шоу од овој тип, но сѐ почесто гледаме вистинско шоу на улиците. Лудо трчајќи по светските трендови некои мајки веќе им облекоа топлинки со високи потпетици на своите девојчиња, животински принтови и ги направија слика на себеси, а пак други го трошат и последниот денар за нивното дете да изгледа како од каталог од моден бренд. Но, неколку годишно момче сигурно не ужива со затегната марама на врат, колку и да ни изгледа нам преслатко.

shouto na tlc za mali misici devojchinja so shminka i visoki potpetici dali svetot sosema polude 03

Дали уште од најмлади години треба децата да ги правиме жртви на модата, иако најверојатно целиот свој живот ќе бидат тоа по сопствен избор? Каде се оние лесни лелеави памучни фустанчиња во кои нас не облекуваа? Зарем тренди здолништата од тул не ја боцкаат нежната кожа на нозете на вашето бебе?

Секоја мајка своето дете сака да направи да изгледа најубаво, но дали тоа треба да се прави по цена на неговата удобност и здравје?

Ајде од овие мајки на TLC, со ужасна замисла за начинот на кој треба да се израсне едно дете, да научиме некоја лекција. Да оставиме нашите најмили да уживаат во детството, во оној безгрижен дел од животот, кој им се случува еднаш и никогаш повеќе. Наместо на високите розови потпетици нека се сеќаваат како босоноги трчале по тревата во паркот и овие прекрасни спомени цел живот нека им бидат безгрижно засолниште од животните бури, кои допрва им следуваат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg