5 вистински приказни после кои ќе си ја вратите вербата во судбината

Кога некој ќе ви каже дека сè ќе си дојде на свое место во право време, не се смејте и не мрдајте со главата како да не верувате.

5-vistinski-prikazni-posle-koi-ke-si-ja-vratite-verbata-vo-sudbinata-001.jpeg

Овие 5 приказни ќе ви ја обноват вербата во судбината:

„Паметам дека беше есенски ден кога на мојата мајка ѝ беше дијагностициран рак. Нејзините шанси за преживување беа мали. Со денови седевме во болница. Се сетив дека мачката е сама дома, па решив да ја донесам. Кога пристигнавме заедно, таа само легна во скутот на мајка ми и го преспа цел ден. Вечерта повторно преспаа заедно. Утрото кога сестрата дојде да ја провери мајка ми, ја најде мачката на нејзините гради, но не дишеше. Ден подоцна, состојбата на мајка ми се подобри.“

„Пред неколку дена го изгубив паричникот. Заедно со парите, картичките, документите и фотографиите од миленикот. Но, неколку дена подоцна пак, најдов мобилен телефон. Се јавив на бројот кој беше потпишан како мама. Уште истиот ден телефонот му го вратив на дечкото. Беше воодушевен што уште постојат добри луѓе. По краток разговор на оваа тема, споменав дека ми е јасно како се чувствува и му кажав дека неколку дена мојот паричник е исчезнат. Тогаш од неговиот џеб извади изгубен паричник кој случајно го нашол на улица. Таму беше сè што беше мое. Чуда се случуваат.“

„Не можев да се соземам кога открив дека мојот иден сопруг има паралелна врска. Вистината ја сфатив на денот на венчавката. Избегав како на филм. Во голема венчаница, се возев во метро и сосема логично, сите ме гледаа чудно. Помеѓу нив имаше еден дечко кој само ме фати за рака и продолжи да седи до мене без да ми каже збор. Како што ме држеше за рака, чувствував дека си го пронајдов младоженецот. 5 години подоцна сме во среќен брак.“

„Сега конечно сум убедена дека љубовта е игра на судбина. Речиси 5 години мојата сестра беше во нездрава врска. Откако раскина најде еден прекрасен дечко по име Алекс. Исто така, и мојот брат 8 години беше во несреќна врска која реши да ја раскине откако во неговиот живот се појави прекрасна жена по име Алекс. Пред неколку недели ја раскинав мојата 3-годишна врска. Погодете како се вика дечкото кој го запознав денес и ме натера да се насмеам првпат по раскинувањето?“

„Пред неколку дена мачката ни избега од дома. Бидејќи имаше 13 години, мојот сопруг помисли дека намерно си отишла за да почине подалеку од нас. Се мислев како да му го објаснам ова на мојот 5-годишен син. Решив да излеземе на прошетка, па целиот разговор веќе го испланирав во главата. Одеднаш, се развика: мамо! Види! Штом се свртев, забележав дека држи мало маче со исти шари како нашиот стар Фреди. Му реков дека нашиот мал мачор очигледно одново се родил, бидејќи мачките имаат 9 животи. Секако дека го земавме дома со нас.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 кратки раскази, кои се помоќни од цела книга Секоја ноќ одиме во кревет, без некаква сигурност дека ќе бидеме живи наредното ...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg