Зошто кога бевме деца ни беше најубаво?

Детството го земавме здраво за готово сè додека не пораснавме. Не им верувавме на нашите родители кога ни велеа: „Уживај кога си дете, кога ќе пораснеш ќе имаш проблеми и повеќе не е исто“. 

zosto-koga-bevme-deca-ni-bese-najubavo-1

Мразевме да нè третираат како деца, сакавме да бидеме возрасни и никој да не смее ништо да ни каже.

Сепак кога пораснавме и кога се соочивме со реалноста што значи навистина да бидеш возрасен, веднаш се би дале да се вратиме во тоа време каде што немавме никакви грижи.

Никогаш не требаше да се грижиме за јадење

Ручекот секогаш беше на маса и никогаш не требаше сами да носиме одлуки што ќе јадеме, како ќе најдеме време да го подготвиме и слично. Превкусни домашни јадења имаше секој ден и нè чекаа на маса кога се враќавме од училиште.

Се будевме секое утро наспани и свежи

Дефинитивно ни недостасува времето кога можевме без проблем да се разбудиме наутро и без кафе да функционираме совршено. Барем денот да имаше 34 часа, да имавме време за сè.

Имавме големи соништа за иднината

Не се грижевме за иднината, знаевме дека ќе бидеме неверојатно успешни во што и да си замислиме затоа што мислевме дека работите во животот се навистина толку лесни. Не знаевме дека постојат сметки и планирање на буџет и сè беше многу лесно и едноставно.

Лесно стекнувавме нови пријатели

Секој ни беше пријател. Независно дали е помлад или повозрасен од нас, со секој можевме да се дружиме без проблем сè што требаше да кажеме беше: „Сакаш ли да си играме?“ Замислете како би изгледало да одите и да му го кажете истото на некој денес.

Не требаше да планираме што ќе правиме викендот

Сè беше веќе решено за нас. Фамилијарни дружења и патувања и никој од твоите пријатели не беше зафатен. Некако сите беа цело време подготвени за забава.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg