Приказна за 10 секунди: Како се мери љубовта?
„Отсекогаш сум сакал да знам дали сум способен да сакам така како што сакаш ти.“ - рекол ученикот на својот Хинду учител.
„Нема ништо посилно од љубовта“ - одговорил учителот.
„Љубовта е таа која го движи светот и која ги држи ѕвездите на небото“.
„Сето тоа го знам, но како можам да знам дали љубовта ми е доволно силна?“ - повторно прашал ученикот.
„Потруди се да откриеш дали потполно се предаваш на љубовта или бегаш од емоциите. Но, не поставувај такви прашања како тоа дали љубовта е мала или голема.“ - одговорил учителот.
„Не можеш да ги мериш чувствата така како што можеш да го мериш патот. Ако така се однесуваш, ќе го видиш само својот одраз, како месечината во езерото, но нема да можеш да го следиш својот пат“.
Пука: Мерката на вистинската љубов е љубов без мерка.
Н. Г. | Црнобело