Стравови што ги имаат сите девојки во 20-тите

Кога сме мали, сите сонуваме дека еден ден ќе постигнеме неверојатни работи. Имаме големи амбиции и гледаме многу оптимистично на светот.

stravovi-sto-gi-imaat-site-devojki-vo-20tite-001.jpg

Но, во текот на 20-тите, кога најчесто се тргamе од заштитата на нашите родители и се обидуваме сами да го пронајдаме нашето место во светот, многу често стравот од непознатото и иднината, се вкоренува во нашите мисли.

Ако се препознаете во неколку од овие ситуации, немојте да се плашите, овие стравови ги има речиси секоја девојка во 20-тите:

1. Дека никогаш нема да го пронајдеш вистинскиот.

2. Дека ќе завршиш со лошо момче кое ќе ти го скрши срцето.

3. Дека ќе завршиш со некој што не го сакаш доволно, само за да не останеш сама.

4. Дека ќе работиш работа која и не ти се допаѓа толку многу, само поради тоа што е време да заработуваш самата за себе.

5. Дека ќе имаш шеф или колеги што ќе се однесуваат многу лошо со тебе.

6. Дека нема да ги исполниш очекувањата на твоите родители и ќе се разочараат од тебе.

7. Дека ќе бидеш принудена да се преселиш некаде подалеку од сите пријатели и твоите родители.

8. Дека можеш да ги изгубиш саканите,и дека твоите родители и твоите баба и дедо нема да бидат засекогаш во твојот живот.

9. Дека никогаш нема да откриеш што сакаш да правиш во животот.

10. Кога задржуваш токсични врски по секоја цена од страв да не ги загубиш засекогаш.

11. Дека никогаш нема да ти стигнат парите и ќе заглавиш во длабоки долгови.

12. Дека твојот роденден не е веќе толку возбудлив, поради стравот дека секој нов, значи дека стануваш постара.

13. Дека се оддалечуваш од блиските, затоа што немаш доволно време за нив.

14. Дека не патуваш доволно, колку што си замислувала дека ќе патуваш.

15. Дека сè уште не ти се исполнети целите што си замислувала да ги направиш до одредена возраст.

16. Страв од брак и долгорочна обврска.

17. Дека засекогаш ќе останеш да живееш со твоите родители.

18. Дека премногу време трошиш на кариера, што дури немаш време ниту за самата себе.

19. Дека не правиш разлика во светот.

20. Дека си ја уништила единствената шанса за среќа со момчето што можело да биде „вистинскиот“.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg