Мудрост од 30 секунди: Грижи се за малите работи, големите ќе се погрижат сами за себе
Некогаш одамна, живеел еден човек кој верувал дека може да ја предвиди сопствената судбина гледајќи во ѕвездите. Се нарекувал себеси астролог и многу вечери минувал гледајќи во ѕвездите.
Една вечер одел по отворениот пат надвор од селото во кое живеел. Неговиот поглед цело време бил насочен кон ѕвездите.
За момент помислил дека го видел крајот на светот, а веќе во следниот момент се нашол во дупка полна каллива вода, паднат на коленици.
Се наоѓал во валкана вода која му залепила нечистотии по целото тело, па морал да гребе и да се влече за да излезе од дупката.
„Се преправаш дека можеш да ја предвидиш иднината гледајќи во ѕвездите, а не успеа да го видиш она што ти е пред нозете. Ова е добра лекција. Гледај во она што е пред тебе и пушти иднината да се погрижи за останатото,“ му велел селанецот кој го забележал како се мачи.
„Која е користа од тоа да ја предвидуваш иднината со помош на ѕвезди, кога не си во состојба да го видиш она што е тука, на земјата?“
Грижи се за малите работи, големите работи ќе се погрижат сами за себе.
М. Д. | Црнобело