Девојките понекогаш сакаат и да го слушнат тоа што го чувствуваш за нив сине

Веројатно го препознавате името на Џон Стајнбек како еден од најзначајните американски автори. Тој е добитник на Пулицеровата награда за романот „Плодовите на гневот“, а „Источно од рајот“ и „Глувци и луѓе“ се само дел од култните дела на овој талентиран писател.

Devojkite-ponekogas-sakaat-i-da-go-slusnat-toa-stp-go-cuvstvuvas-za-niv-01.jpg

Но, она што веројатно не го знаете за овој „гигант на американските букви“ е писмото адресирано до неговиот син, по повод вљубувањето на Том во одредена девојка.

Тоа е топло, искрено и емотивно четиво кое ќе ве разнежни. Советот на еден татко кој зборува со својот син за љубовта е веројатно ретка конверзација помеѓу двајца мажи од ваков тип.

Ви го пренесуваме онака како што Стајнбек го напишал и верувајте дека вреди да се прочита:

Њујорк
10 ноември 1958 година

Драг Том:

Утринава го добивме твоето писмо. Ќе се обидам да ти одговорам онака како што јас мислам, а Илејн ќе ти одговори според нејзиното мислење.

Како прво – ако навистина си заљубен – тоа е многу добро – всушност, тоа е најдоброто нешто што може да му се случи на човек. Не дозволувај некој да го уништи или омаловажи тоа твое чувство.

Како второ – Постојат неколку видови љубов. Човекот може да биде себичен, суров, алчен, егоистичен и да ја искористува љубовта само од суетност. Ова е најлошиот вид на љубов кој го осакатува човекот.

Другиот вид на љубов е љубов која го вади на површина сето она што е најдобро во врска со тебе – љубезност, внимание и почит кон другиот  - не само од социјален аспект на однесување, туку поголема почит со која на другиот гледаме како на единствена и драгоцена личност.

Првиот вид на љубов може да те разболи и омаловажи, додека вториот вид на љубов може да ти даде слобода и сила, да те охрабри да правиш добри работи, па дури и да ти даде мудрост каква што си мислел дека не поседуваш.

Велиш дека ова не е само затресканост. Ако толку силно чувствуваш дека ова е навистина љубов – се разбира дека не е само затресканост.

Но, мислам дека ти не ме прашуваш за она што ти го чувствуваш. Тоа го знаеш ти самиот подобро од кој било. Она што го бараш од мене е да ти помогнам како да постапиш во врска со тоа – а јас да ти го кажам одговорот.

Уживај во љубовта и биди благодарен што си ја пронашол.

Вљубениот човек има најдобри и најубави намери. Обиди се да бидеш достоен за таква љубов.

Ако љубиш некого – нема ништо лошо во тоа да кажеш дека си заљубен – само запомни дека некои личности се многу срамежливи и понекогаш тоа треба да го имаш предвид.

Девојките најчесто можат да препознаат или да го почувствуваат она што ти чувствуваш за нив, но тие сакаат и да го слушнат тоа.

Понекогаш се случува чувствата да не ти бидат возвратени од една или друга причина – но тоа не прави твоите чувства да бидат помалку важни и добри.

За крај, знам точно како се чувствуваш, затоа што и јас го имам истото чувство и многу ми е мило поради тоа.

Многу би сакале да се запознаеме со Сузан. Добредојдена е. Но, познавајќи ја Илејн знаеш дека таа ќе сака да се погрижи за сѐ и ќе ѝ биде многу мило. И таа знае како е да си вљубен и можеби ќе ти помогне многу повеќе отколку јас.

И не се грижи дали ќе ја загубиш. Ако е онаа вистинската, ќе се случи – најдобро е само да не брзаш. Ништо добро не може да излезе од тоа.

Со љубов,

Тато

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg