Важно ми е моите „кози“ да бидат живи, не да умрат оние на соседот

Некогаш застанувам и се преиспитувам, поучен од сите хардверски системи за кои читам секојдневно и си помислувам можеби кај мене некој чип е поставен различно или некој кабел се поврзал на погрешен начин, па затоа, скоро секогаш моите замисли за животот се различни од другите. Но, сè додека системот успешно функционира, сето тоа е неважно.

nas-makedoncite-zavista-ke-ne-ubie-01

Ете не знам како ќе биде тоа сфатено, но во моето долгогодишно искуство има факти кои едноставно само го потврдуваат моето тврдење и нема начин тоа да биде побиено. Не можам да сфатам од каде доаѓа целата таа љубомора, но ја среќавав секојдневно.

Без разлика каде ќе се најдев секогаш имаше некој кој ми го правеше есапот, колку приходи влегуваат во мојот дом, колкава плата заработуваме јас и мојата сопруга, колку чинат моите чевли, новата вратоврска и костумот, каков телефон имам и каква марка е мојата јакна.

Имаше и такви кои кога го купивме новиот стан нè гледаа со такви крвнички погледи божем од нив сме ги зеле парите, а потоа слушавме како истите се распрашуваат од каде ние двајца толку пари без да ни посакаат „Со здравје да си седите и дечиња да на ви трчаат низ собите“.

За автомобилот истата песна, луѓето со кои често го делевме првото утринско кафе одма сакаа да знаат колку чини, која година е произведен, од каде е купен, дали е нов или стар, без притоа да ја кажат онаа народната „Нека ве носи само на убави патишта и нека му е добра среќата“.

Така со годините сфатив дека тоа е нешто кое нема да се промени, иако не можев да сфатам зошто. Мојот чип во главата функционираше поинаку, никогаш не ми сметаа успешните соседи и никогаш не отворав дебати поврзани со нивната заработка и работите кои тие ги поседуваат, а јас не.

Не сакам да пишувам клише реченици, но душата ми се полнеше кога некој што го знам и познавам ќе постигне нешто, дури и да е повеќе од мене. Нивната успешност и поголемата заработка од мојата, кај мене не се манифестираше со завист или љубомора, туку напротив, беше инспирација за и јас да работам макотрпно, да вложам многу повеќе за да добијам повеќе.

Секогаш од сè срце им ракоплескав на нивните успеси и им посакував уште десет пати повеќе од истите. Затоа што знаев дека пливаме во исти разбранети води, го ценев нивниот труд и никогаш, никогаш не им поскав лошо. Мене ми беше важно моите „кози“ да бидат живи, а не да умрат оние на соседот.

Се прашував колку чини сечиј чип во главата да функционира на истиот начин, дали е можна таква промена?

Дали зависта некогаш ќе биде искоренета? Дали сите некогаш ќе успееме да ја изоставиме од нашите животи? Бидејќи по моите принципи на функционирање таа не беше потребна.

Ниту носеше успех, ниту носеше некакви позитивни резултати.

Само тежнееше кон уништување на пријателства, братства, соживот, непотребно, ама ете, пак ќе кажам, можеби мојот чип е фалш, па затоа функционира чудно, иако сум убеден дека оние другите беа расипани.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg