Не гледав дека е среброљубец, дека ме молзи до последната капка

Полирав чаши на шанкот, беше петок навечер, но пејачот го презакажа својот настап за наредниот ден, па не беше полно со луѓе, беше „лабава“ атмосфера со некоја џез музика. Имаше неколку маси и луѓе кои сами седеа на шанкот.

taa-bese-kucka-01

„Дечко наточи уште една, овојпат нека биде дупла!“ - рече господинот кој седеше на крајот на шанкот.  Не се побунив иако според моите пресметки тоа му беше шеста или седма чаша со виски. Не се бунев, на секоја чаша оставаше 20-30 денари бакшиш. Извадив јадење и такси во најмала рака.

Како што одминуваше смената, музиката стануваше сè по приспивна, атмосферата се помртва, само господинот, кој беше дотеран, симпатичен и не можев да сфатам која е причината поради која се опива, седеше во ќоше и пиеше со истото темпо, мислам дека веќе не можеше да гледа пред очите, но пиеше.

„Дечко дојди ваму, да ти кажам, немам кому, мислам дека ти оставив доволно бакшиш, ќе ти оставам уште, само да си ја олеснам душата. Знаеш ли за што пијам“ - ме праша со солзи во очите.

Во тие моменти многу ја мразев работата во викенди како шанкер, бидејќи многупати сите имаа различни проблеми кои сакаа да ги раскажат, потоа јас ќе се соживеев, а никако не можев да помогнам.

„Таа беше кучка. Не ми доликува на професијата и културата, но таа беше кучка. Знаеш ли каков живот ѝ дадов, што сè направив и жртвував за таа да се шета во „Шанел“ и „Гучи“, за да има живот кој сонувала, а притоа да не се помрдне со прст? Од љубов, пуста љубов, клет да е денот кога ја запознав.

Не се грижеше за мене, не се грижеше за децата, само за себе, за фризурата, за шминката, не покажа трошка љубов кон нас. Немаше никаков обид да се постигне хармонија во нашето семејство.

Да те прашам што мислиш заслужуваат ли сите да бидат родители?“ - јас се преплеткав и не знаев што да му вратам.

„Таа не заслужува. Двете деца дома ги труеше со песни од Северина и Цеца, замисли мојата 10-годишна ќерка се шеташе со пижамите пикнати под блузата под градите и пееше „Мало силикони и други фазони, имам што да покажем!“, а син ми кој има само 6 години расправа за разводи, казина, пукања и какви сè не работи кои ги гледал заедно со неа во нејзините турски серии.

Таа беше по цел ден дома, единствена работа ѝ беше да ги одгледа како што треба, да им посвети внимание, да ги изведе на правиот пат, но ни тоа не го правеше како што треба. Имаше палата, имаше секакви услови, никогаш не крена потешко од пенкало, единствено нешто што требаше да направи е да ме сака, да ги сака, да створиме хармонија. Но, ни за тоа не беше способна.

Знаеш што направи на крај? Си замина. Ги остави сами, јас сум сосема неважен ќе сфатам, но како можеше да ги остави нив?

Знаеш што ме боли најмногу? што јас не бев крај нив додека растеа и дозволив нејзиниот отров да ги зарази нивните невини детски души, а зошто? Бидејќи работев за да ја направам среќна. Не гледав дека е среброљубец, дека ме молзи до последната капка млеко, за сега сите да зборуваат за докторот чија жена го изневери и си замина.

Така да знаеш, не секој заслужува љубов, не секој заслужува да биде родител, има луѓе кои едноставно се скапани од дното на душата.

Ајде наточи уште една. Те частам и тебе една, да наздравиме за сите кучки, како мојата кои постојат наоколу!

Живели!“

Јас ги гледав солзите во неговите очи, како да ми ја пренесе цела болка, како да ја апсорбирав неговата приказна и додека течеше вискито низ мојот хранопровод, чувствував сè и разбирав сè.

Не знаев дали некои како таа неговата заслужуваат да бидат родители или не, дали заслужуваат трошка љубов или не. Повторно си нанесов тежина за која немаше решение.

Само мразот кој ги допираше усните потсетуваше на таквите, кои што тој ги нарекуваше нелуѓе, луѓето со ледено срце.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg