Правила за среќа во животот

Ова е дел од Непалската среќна мантра која сметаме дека е вредна да се прочита. Претставува еден вид упатство за живот.

pravila-za-sreka-vo-zivotot-001.jpg

Никој не може да ви каже како да живеете, но може да ви даде совети кои ќе ви помогнат да бидете среќни.

1. Имај на ум дека големата љубов и големиот успех се поврзани со големи ризици.

2. Кога губиш, немој да ја изгубиш поуката која можеш да ја извлечеш од тоа.

3. Следи ги овие 3 правила:
- Почит кон себе си,
- Почит кон другите,
- Одговорност за своите постапки.

4. Немој да дозволиш за мало недоразбирање да загубиш големо пријателство.

5. Кога нешто реализираш, може и да погрешиш, но веднаш преземи чекори за да ја поправиш штетата.

6. Секој ден, помини малку време сам со себе.

7. Биди отворен за сите промени, но немој да ги загубиш сопствените вредности.

8. Запомни дека молчењето некогаш е најдобар одговор.

9. Подели го своето знаење. Тоа е пат да станеш бесмртен.

10. Еднаш во годината отиди некаде каде не си бил никогаш порано.

11. Запомни дека најдобар однос е оној каде вашата љубов ја пречекорува потребата која ја имате еден за друг.

12. Пресуди за својот успех според она од кое си се откажал за да го постигнеш.

13. Дај им на луѓето повеќе отколку што очекуваат и прави го тоа со љубов.

14. Научи ги своите омилени стихови на памет.

15. Ако кажеш “те сакам“ – биди искрен.

16. Кога некому велиш “жал ми е“, гледај го во очи.

17. Имај барем 6 месеци веридба пред да се венчаш.

18. Верувај во љубов на прв поглед.

19. Немој да се смееш на туѓите соништа.

20. Немој да го цениш човекот според неговите роднини.

21. Зборувај полека, но мисли брзо.

22. Венчај се со личноста со која можеш да разговараш. Кога ќе остарите оваа способност ќе ви вреди најмногу.

23. Читај книги и помалку гледај телевизија.

24. Кажи “на здравје“ кога некој кива.

25. Не заборавај, твојот карактер е ТВОЈА СУДБИНА!

Би можело да ве интересира:

Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg