Суштината на животот во 17 реченици: Кога не те прашуваат - молчи
Остани скромен. Никој никого не учи во животот.
Можеш да го кажеш она што го знаеш ако си прашан, пред тоа - никој нема ни да те слушне.
Твоја задача е да им го осветлиш патот на луѓето кои ќе те замолат, твоја задача е да им помогнеш на оние на кои си им потребен.
На никого не мораш да му кажеш дека не е во право и дека ти му требаш да му ги отвориш очите.
Ако некој ти побара помош - помогни. Сигурно тоа можеш да го направиш.
Не треба да се браниш пред другите зборувајќи за тоа што си постигнал.
На кој му е потребна твојата помош, тоа ќе го почувствуваш без зборови.
На другите не треба да им раскажуваш за себе и своите искуства. Нема корист.
Биди мудар. Живеј го својот живот. Биди скромен. Делувај, чувствувај се и зборувај како да си дел од некој невидлив тим.
Не трчај по другите за да им ја објасниш вистината. Остани во твојата скромност и почекај ги оние кои ќе замолат за твоето време, помош, иницијатива, светлост, љубов и поддршка.
М. Д. | Црнобело