Искрената љубов на Партизанска

Ги пакував книгите и се местев да ја напуштам лабораторијата на факултетот, од долгото испишување равенки заборавив на времето. Беше петок, девет часот навечер, време кога сите нормални би се спремале да излезат, додека оние кои мораа да работат брзаа да стигнат дома за да одморат.

Iskrenata-ljubov-na-partizanska

Вообичаено се движам по десната страна на „Партизанска” со слушалки во ушите и дозволувам мелодијата на музиката да ме понесе некаде кон небото во некои нереални светови. Некако обожував да одам пеш, често го избегнував автобусот како превозно средство и пешачев до дома.

Сите мислеа дека сум луд што пешачам толку доцна на толку ладно време, наместо да фатам такси или автобус, а јас не знаев како да им ја објаснам магијата која ја чувствував додека пешачев по „Партизанска”. На тој начин добивав мотивација за секој предизвик и сила да истраам кога светот ќе стежне на моите рамена.

Таа вечер одлучив да си одам по левата страна, главата ми гледаше во земјата, бев стуткан во шалот, од очилата и капата гледав само каде да чекорам без да имам точна слика кон каде се движам. Одеднаш, почувствував удар. Ми се прекина мислата, ми паднаа слушалките и за малку ќе ги скршев очилата.

Го кренав погледот нагоре и видов прекрасни женски очи, девојката се извинуваше, плачеше и не ми дозволи ниту да прашам што се случува, продолжи да трча во спротивен правец. Не можев да сфатам што се случи, стигнав дома и легнав во креветот. Штом ќе замижев во главата ми беа нејзините очи, нејзиниот лик кој не можев да го конструирам целосно. Која беше таа и зошто имаше толку голем импакт врз мене?

Другиот ден добив порака на Фејсбук, требаше да ја одобрам бидејќи беше од девојка која не ја познавам. На големо мое изненадување тоа беше девојката со расплакани очи, имаше напишано извини со големи букви. Возбудено и возвратив на пораката, ја прашав дали е сè во ред и оттогаш натаму започнавме интензивно да пишуваме.

Ден за ден се среќававме и заедно шетавме по нашиот омилен булевар, нашата магична „Партизанска”. Таа ќе се појавеше од долната страна, јас од горната, ќе се сретневме, ќе ми ги фатеше двете раце. Ќе ме прегрнеше и нежно ќе ме погалеше со раката по лицето, ќе ги протнев моите прсти низ нејзината коса. Ќе ги затворевме очите и ќе се замрзневме во тој момент.

Нејзините усни на моите усни, нејзината душа во симбиоза со моите соништа, јас и таа, во доцните вечерни часови, како две мали деца, фатени под рака со долги, бесконечни разговори за животот, од едниот до другиот крај додека не нè заболат нозете.

Луѓето не сфатија, можеби никогаш нема да сфатат, но за мене, тој булевар, тоа чувство кое го имав додека ја држев за раката додека пешачевме, беше необјасниво. Тој булевар ми носеше спокој во душата, а сосема неочекувано ми донесе искрена љубов за каква само можев да се надевам.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg