Интересни мисли и графити
Факт е дека графитите и интересните мисли секогаш умеат да не насмеат.
Бидејќи се едни од најчитаните на нашиот портал, само за вас во ова пред празнично расположение издвојуваме уште неколку интересни мисли.
Наш фаворит: Во твоите раце е иднината на оваа земја. (напишано на ѕид од ве-це). Ваш?
1. Струјата е именка од женски род која не смее да се допира со гола рака!
2. Живеј го секој ден како да ти е последен, еднаш сигурно ќе бидеш во право!
3. Претходно бев вообразен, сега сум совршен!
4. Најсигурен начин да ги удвоите парите е да ги превиткате и да ги вратите во џеб.
5. Девојките стануваат жени кога длабоко во себе ќе пронајдат причина за тоа.
6. Животна илузија е кога цел живот ти солат памет, а ќе умреш од шеќер.
7. Станав атеист – го убија Бог во мене.
8. Лопови немојте да крадете! Државата не сака конкуренција!
9. Намалете ги сообраќајните незгоди – возете по плочниците.
10. Ако и по употреба на презерватив девојката остане бремена, детето треба да се вика Худини!
11. Реалноста е состојба предизвикана од недостаток на алкохол.
12. Оптимизмот е недостиг на информации.
13. Ако вегетаријанците толку сакаат животни, зошто им ја јадат цела храна?
14. Сексот е како мрак. Или го има, или го нема.
15. Господ ги создал мажите затоа што немал доволно влакна да направи мајмуни.
16. Што гледаш нагоре, зар ти е срам од него? (напишано на ѕид од ве-це)
17. Во твоите раце е иднината на оваа земја. (напишано на ѕид од ве-це)