Прерано си замина - Како да продолжам да живеам сега без тебе?

Ја гледам твојата слика тука покрај креветот, се смееш со сите брчки на твоето лице, ја чувствувам таа среќа која излегува од твоите очи, тој живот, толку беше полн со живот. Но, ја гледам и таа црна лента во левиот долен агол која ми го пара срцето.

kako-sega-da-go-ziveeme-zivotot-bez-tebe-01

Лежам сама на свилена постела прашувајќи се како ќе го живеам животот без тебе, како ќе поминат сите тие ноќи кога ти нема да бидеш тука да ме прегрнеш и да ми кажеш дека сè ќе биде во ред. Кој ќе ме поправи кога ќе се скршам?

Се справуваме, добро сме, но децата сè почесто прашуваат за тебе, што да им кажам, како да им го скршам срцето и да им објаснам дека тоа твое службено патување е всушност по скалилата до рајот. Како да им кажам дека нема да се вратиш?

Би дала сѐ, дури и сопствениот живот само за да можеш да го облееш со светлина овој темен дом.

Сите ми велат ќе помине, сите се околу мене и ми помагаат, кој колку може и твоите и моите, зацрнети сме, зацрнети со тоа твое прерано заминување.

Додека ми навираат солзи во очите често се прашувам, зошто баш него Боже, што згрешивме?

Нема одговор, ниту твојата слика не враќа на моите прашања, често ми се случува да заспијам гушкајќи ја.

Малиот ќе дојде и ќе ми рече „Ќе се врати мамо, ете скоро ќе помине тој месец дена, тато ќе дојде.  Ќе ме носи во Дизниленд, ми рече дека заедно ќе направиме куќарка на дрво, пак ќе бидеме тим, јас ти и бато.

Немој да тагуваш, тој ми рече додека него го нема, обврската за семејството останува на поголемиот син, јас можеби имам само шест годинки, но ќе се грижам за тебе и за бато додека тој ги спакува своите куфери за назад. Не тагувај“.

Не можам да го гледам, се гушам од солзи, како да му кажам дека нема да ја почувствува твојата топлина, дека нема да ги дочека матурите, дипломските, и свадбите во твојата прегратка. Ми се крши срцето на парчиња.

Што ќе правиме ние без твојата неизмерна љубов?

Ми велат помни го по спомените, убавите спомени. Но, зарем можат спомените да го заменат твоето присуство, твојот говор и начинот на кој ти знаеше да се справиш со проблемите?

Посети ме навечер, иако сите мислат дека сум луда. Кажи ми во сонот дека сè ќе биде во ред, дека ќе успеам да ја истерам оваа тешка борба, оваа сурова игра на животот. Охрабри ме како што секогаш го правеше тоа. Скокотни ме и штипни ме за да си мислам дека тоа е вистинско. Натерај ме да верувам дека таму сме заедно, иако тоа не е доволно. 

Лажат кога велат дека времето ги лечи сите рани, оваа никогаш нема да зарасне. Без тебе јас не сум целосна, ние сме некомплетни. Јас ќе бидам вечно осудена да бидам младата вдовица која копнее по нејзината љубов која згаснала прерано.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg