Писмо до родителите

Ова е писмо напишано од ќерка до нејзините родители. Богами им приредила добро изненадување, ако не се онесвестиле додека го читале.

 pismo-do-roditelite-001.jpg

Драги родители,

Поминаа 3 месеци како заминав да студирам, а уште не сум ви пишала. Срам ми е заради тоа, но ви ветувам дека ќе ви надоместам. Пред  да продолжам со пишување на ова писмо, ве молам да седнете. Никако немојте да го читате стоејќи!

Речиси потполно ми заздравеа изгорениците и скоро сум заздравена од шокот што го добив скокајќи од 4-ти кат. Поминав само 2 недели во болница, видот речиси потполно ми се врати, а повраќам само еднаш во неделата.

Бидејќи пожарот го предизвикав сама, ќе мораме да платиме оштета од 30.000 евра, но тоа не е ништо, затоа што е важно што јас останав жива. Имав среќа што човекот кој живее отспротива забележа што се случува и повика пожарникари и брза помош. Тој ме посети и во болница, а бидејќи немав каде да одам (мојата соба изгоре цела), беше толку љубезен и ми понуди да се вселам кај него. Има еднособен стан, но затоа ни е сјајно. Инаку тој е дупло постар од мене, но лудо сме вљубени и планираме да се венчаме.

Се уште не сме се договориле кога, но сакаме што побрзо додека не се забележува бременоста. Вистина е најдраги мои, ќе станам мајка!

Знам дека едвај го чекате моментот кога ќе станете баба и дедо и сигурна сум дека бебињата (чекаме тројка) ќе добијат онолку љубов колку што сте ми овозможиле мене кога сум била мала.

Единствена работа која моментално ја одложува нашата свадба е што мојот вереник успеал да фати некаква одвратна инфекција. Заради тоа сега и двајцата сме повторно во болница, бидејќи и јас успеав да се заразам, но сега ни е многу подобро. Благодарни сме им на антибиотиците кои ги добиваме интравенозно. Докторите оваа болест ја нарекуваат сифилис, или така некако слично.

Знам дека ќе го дочекате мојот сопруг со раширени раце и наскоро ќе биде дел од нашето семејство. Тој е многу драга, амбициозна личност и покрај тоа што нема завршено основно училиште.

Секако дека е од друга вероисповед, но знам дека сте многу толерантни, па нема да ви пречи нити тоа што има црна боја на кожата. Сигурна сум дека ќе го сакате барем онолку колку што го сакам јас! Бидејќи сте тука некаде со возраста ќе се сложувате многу добро, посебно кога ќе се преселиме кај вас (станот ни е многу мал за толку многу луѓе).

Мислам декa и неговите родители се чесни луѓе, татко му е познат шверцер на наркотици од Африка, од каде потекнува и мојот иден сопруг.

Така, сега кога ви опишав се поопширно, мислам дека е време да ви признам дека не ми изгоре станот, така што не ми е ништо, не сум била ниту во болница, немам ни вереник ни сифилис, а камо ли па црнец.

Вистина е дека паднав на испитот по математичка анализа и макроекономија, а на информатика едвај поминав, па сакав да ви покажам дека на овој свет постојат и полоши работи од овие!

Ве сака,
Вашата ќерка

Тактички одиграно, мора да признаете!

Би можело да ве интересира:

Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg