Учете за знаење, не за десетки, зашто нема утре тие да оперираат луѓе

Кога бевме помали, ни всадија во глава дека мора да се трудиме во свидетелството да ги имаме сите петки, за да полесно се запишеме на факултет.

Ucete-za-znaenje-ne-za-desetki-zasto-utre-nema-tie-da-operiraat-lugje-01.jpg

Сè додека еден ден, моите од дома рекоа дека притисокот од тој напор е огромен, бесмислено е, и просто не може да те бидува подеднакво за сите 12 предмети во училиште.

„Си учиш за знаење, не за оценка“, едногласно пресудија. „Си учиш за себе“.

Мене не ми беше многу јасно на почетокот, и повеќе сакав да ги имам сите петки во низа наместо тоа знаење, но години подоцна нивната констатација се покажа како премногу вистинита.

Првата разлика од тоа напластено знаење ја почувствував на факултет, за време на предавањата и дискусиите.

Тогаш се покажа кој колку знае, а немаше врска со твоите петки или тројки во свидетелествата.

На предавањата се бараше интеракција, дискусија и ставови, се поттикнуваше дебата и размислување, а не да мафташ со училишната книшка и твоите беспрекорно напишани петки. Петките не можат да дискутираат наместо тебе.

Десетките на факултет утре нема да спасат нечиј живот, наместо твоето знаење и способност.

Добрите доктори конкретно денес во Македонија се бројат на прсти. Сите ги знаеме, фаќаме врски и чекаме ред за преглед кај нив, дали на приватна или државна клиника, сеедно. Добриот доктор си е добар доктор. Но, и тој не е вечен. И тој за максимум 20 години ќе отиде во пензија.

Прашањето ми е – кој ќе нè лечи потоа?

Студентите кои по секоја цена инсистираат на висок просек, но не и на знаење?

Оние кои грчевито преполагаат испити за сите 10-ки во индексот, а немаат основни практични познавања?

Мрзливите и „врскаџиите“ кои сакаат само диплома и вработување каде што ќе работниот век ќе го поминат како мечка во зимски сон, наместо да се посветат на квалитетно работење?

Па драги студенти, апел до сите вас. За да не останеме без ниту еден способен човек во државава, ве молам – учете!

Учете за знаење, за надоградување, учете за да спасувате животи, учете за да градите згради и установи кои нема да се распаднат при првиот земјотрес.

Учете за да градите квалитетни автопати, учете да произведувате добра храна и облека.

Учете со мислата дека утре ќе мора да понесете одговорност поради своите постапки, учете од грешките без да бидете вообразени.

Учете за себе, така најдобро ќе му направите услуга на остатокот од човештвото.

Не учете за петки и десетки. Зашто нема утре тие да оперираат, да прават заби, да градат фабрики и да поправаат апарати.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg