А осет се купува ли? За невоспитаните прашувам

Постојат типови на луѓе кои се специјално скроени да ти го уништат денот. Мене навистина не ми е гајле какви се нивните навики кога се по дома, затоа што не е моја работа.

A-oset-se-kupuva-li-Za-nevospitanite-prasuvam-01.jpg

Но, кога истите ги демонстрираат во јавност додека нашите патишта неминовно се пресретнуваат, тогаш невозможно е да не спобудалиш од нервоза. Освен ако не си издлабен од камен, па не те допира нивното безобразно однесување.

Еве го типот на луѓе дизајнирани да го стават твоето трпение на тест: неодговорните купувачи во супермаркетот. Гужва е, трпеливо чекаме ред. Го набљудувам однесувањето на толпата.

Ликот пред мене нема абер од пакување на производите кои продавачката ги поминува на касата. Ниту бара кеси, ниту вади торба, ниту му текнува да си го извади паричникот. Блее во некоја невидлива точка, исклучен од светот, тотално изгубен каде се наоѓа.

Продавачката му ја кажува сумата. Конечно, почнува да рошка по џебовите, барајќи го паричникот. Затоа што досега медитираше, ајде и вие имајте малку осет.

Не, чекај, му требаат и 2 ќеси... продавачката ги додава на сметката, него го фаќа паника. Не знае што попрво, да вади ли пари, да пакува ли производи. Не, 4 ќеси му требаат. Чекај, со картичка... море не, ќе ви дадам кеш. Немам доволно, сепак со картичка. Дел од производите паѓаат, нема доволно место, доаѓаат нечии други низ лентата.

Човекот се мурти, ситни парички му паѓаат и ѕвечкаат наоколу. Целиот несмасен и уште нервозен како другите немаат култура и осет одвај се одвлечкува. Не, еве го, се враќа. Поени собира човекот, кој беше бројот? Еее, ми се исклучи телефонот, па и овие новиве телефони на допир.

Вам ви врие. Разбеснето сакате да го удрите со новата тава која се рекламира веднаш до вас, но си мантрате – диши, можеби не му е денот на човекот, се случува.

Само што невозможно е секој ден да налетувам на вакви ноншалантни ликови на кои не им е денот. Летаргични, мрзоволни, луѓе кои се влечат како црева, без нималку осет за другите купувачи или вработените. Целото време на светот е нивно. 

Луѓе, подгответе се навреме. Извадете си го паричникот, пресметајте колку ќеси ќе ви требаат. Не стојте со рацете в џеб додека може да си го средувате купеното. Зошто ја имате потребата да ги задржувате луѓето и безмилосно да се влечете, играјќи чочек на нечии нерви?

Блага варијација на овој тип влечковци се и оние кои чекаат автобус. Стоиме на автобуската, чекаме можеби 10 минути. Сите со рацете во џебот.

Доаѓа автобусот, госпоѓа влегува внатре и тогаш ѝ текнува да ја истражува чантата. Крема, не, чадор, парфем, шапката на попот, писмена по македонски од 5-то одделение... вади сè што ѝ доаѓа при рака, само тој проклет паричник го голтнала црната дупка или Бермудскиот триаголник. А, 10 минути чекавме сите ко вејки на ветрот, колку беше тешко да си ги стокмиш парите пред да се качиш во автобусот?

Па драги, навистина не е важно со која брзина си ги диплите алиштата по дома или колку долго ви се крчка ручекот, и дали зачмаено гледате во замислена точка дури и по 2 часа или за едно јаболко ви требаат 30 минути за лупење. Тоа си е како што кажав на почетокот – ваш проблем и ваша работа.

Но, кога сте во јавност и вашите постапки влијаат и врз други луѓе, тоа повеќе не е само ваш проблем, тоа е сечиј проблем. И не е во ред.

Осет, се купува ли тоа некаде?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg