Зборот кој ќе го промени вашиот живот на подобро

Ретко кој не доживеал момент кога се почувствувал како вистински неуспех. Чувствувате како ништо да не ви оди од рака, како целиот ваш труд не дава никаков резултат.

Ova-e-zborot-koj-ke-go-smeni-vasiot-zivot-na-podobro-01.jpg

Имате чувство дека целиот свет е против вас и сите си поминуваат подобро отколку вие во оваа авантура наречена живот.

Ги анализирате сите аспекти од вашиот живот и никаде не забележувате напредок, а тоа сознание ве тера да се пикнете под ќебето и добро да се исплачете во самотија.

Сепак, еве го зборот кој ќе ви ја врати надежта и ќе ви влее оптимизам во тмурните сиви денови.

Не е зборот ДА, ниту кажувањето на зборот НЕ. Тоа е оној збор кој вообичаено сите го грешат во пишувањето и забораваат да стават надреден знак врз буквата Е, зборот кој ќе ги раздвои сите ваши грижи и сомнежи за иднината, зборот - Сè уште.

Па следниот пат кога ќе започнете да се самоанализирате, пред да потонете во очај и депресија, потсетете се на ова мало магично зборче и употребете го на почетокот или на крајот од секоја ваша констатација упатена до себе или до соговорникот:

 
Не сум го завршила факултетот, сè уште.

Не сум пронашла работа, сè уште.

Не, не сум вљубена, сè уште.

Сè уште сум во потрага по добар стан.

Сè уште верувам во љубов и романтика.

Сè уште има добри луѓе на светот околу мене.

Можам да постигнам сè што ќе посакам, сè уште имам време...

 
Сè уште ве потсетува дека сте сè уште тука, го вдишувате сонцето, живи сте и здрави, сакани и љубите некого.

Дека понекогаш за некои работи треба време и трпение.

Дека сè уште имате надеж за подобро утре, а кога има надеж, тогаш има сè!

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg