Мамини галеничиња и насилници кон сопствените мајки, засрамете се!

Мажите на денешницата се прекрасни, веќе зборувавме за тоа. Но, во секоја убава кошница мора да има и по неколку скапани јаболка.

Mamini-galenicinja-i-nasilnici-kon-sopstvenite-majki-Zasramete-se-01.jpg

А тие скапани јаболкца доаѓаат во обликот на мамини галенчичиња и насилници кон сопствената мајка и целиот женски род!

Првиве манипулираат. Сè им е на нив нешто лошо, плачковци на кои не им е погоден денот, неделата, животот.

Се однесуваат како во хотел со послуга. Сè да им е подредено, чисто и фино. Мама е најфина, мама е најдобра, букет за мама (од сосема погрешни причини).

На мајката повеќе ќе ѝ значи да се фатиш за работа, отколку да ѝ носиш подарочиња со кои ја купуваш нејзината наклоност.

Не дека на мајките не треба да им се упатуваат комплименти и да им се даваат подароци.

Но, понекогаш делата зборуваат погласно од фалбите.

Мамини галеничиња, ласкавци кои не кренале ништо потешко од лажичка во животот и весело си бродат со подредени коцки, затоа што се неверојатни манипулатори. Засрамете се.

Втората група оди во друг есктрем. Радикално поразлична, насилници на кои женскиот род не им е по мерак, а првата (и веројатно) последната жена од своето опкружување решаваат да ја тероризираат.

Типичен зародиш на алфа балкански мажјак кој знае само да наредува, вика и пцуе на сиот глас, се чеша за стомакот што има тенденција да се направи пивски уште пред 30-тата година.

Се легачи до пладне, и се дере, дере, дереее! По мајка му, како да му е последно, се заканува и ја заплашува. Детиште скапано. Засрамете се и вие.

Сте излегле од утробата на жена, ве одгледала сакајќи од вас да направи човек, маж, а вие сте обичен неблагодарен „створ“!

Ги делите работите на строго машки и женски, живеете со убедување дека жената е добра само за домаќинка и за оплодување и раѓање деца.

Таа нема право на свое мислење, не смее да го крене гласот. Во вашиот речник, жената е безгласна буква.

Ако некогаш добијам натприродни моќи, би сакала да можам физички да се пресметам со овие „створови“.

Навечер, во темни и тесни сокачиња, онака мераклиски до помодрување и збумбарување, онака како што вашите погани зборови и напластениот страв го распарчуваат срцето на вашата мајка.

Па секое утро да ја пречекувате мајка ви со сварено кафе, букет цвеќе и пружена облека на тераса.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg