Целиот свет смрди! – кратка поучна приказна

Мудрите луѓе и филозофите низ вековите имале несогласувања во врска со многу теми и прашања, но сите едногласно се согласиле дека „Ние сме она што го мислиме“.

Celiot-svet-smrdi-kratka-poucna-prikazna-01.jpg

Ралф Валдо Емерсон во една прилика изјавил: „Ние сме она за коешто размислуваме цел ден“.

Римскиот император Маркус Аврелиус пак кажал: „Животот на еден човек го одредуваат неговите мисли“. Библијата проповеда: „Онака како што човекот размислува во срцето, таков е и тој“.

Едно неделно попладне, намуртен дедо отишол во посета на неговото семејство.

Додека наоѓал маани за сè околу него, нерасположен и кенкав, решил малку да дремне.

Внукот одлучил да се пошегува со него, па додека дедото спиел, му ставил парче сирење под носот и веднаш го тргнал.

Дедото панично се разбудил викајќи дека собата смрди! Додека панично шетал низ куќата утврдил дека сите соби мирисаат.

Во очај излегол надвор на улицата, само за да открие дека целиот свет му смрди.

Кога го полниме нашиот ум со негативни мисли се случува токму ова.

Парчето сирење кое дедото го мириснал е негативноста, која иако траела само еден миг, тој успеал да ја рефлектира часови подоцна насекаде околу него.

Сè што ќе доживееме и сите луѓе кои ќе ги сретнеме по патот ќе мирисаат на негативната енергија која ја носиме во умот.

Затоа, главата горе и насмевка.

Зачувајте парче оптимизам и поделете го со пријател.

Вие сте она што го негувате во умот и срцето. 

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg