Не дозволувај насмевката да те излаже...
Сите ние сме поврзани. Сите сме човечки суштества со душа преполна победи и порази. Секој од нас има свое лично искуство во животот и секој има свој пат.
Сите ние преживуваме емоции на среќа, насмевки, љубов, губење и сè помеѓу.
Ако застанете и погледнете околу себе ќе забележите како луѓето поминуваат покрај вас, како секој ја води својата битка.
Ничиј живот не е совршен како што изгледа
Дури и убавите, успешни и познати луѓе се чини како да имаат сè. Но, сите имаме проблеми и секогаш ќе ги имаме. Тие се дел од животот и заради нив растеме и созреваме.
Имаме навика да судиме и да се споредуваме со оние кои ни се чини дека го имаат она што го сакаме, но дали знаеме како таа личност се чувствува? Можеби има болест за која не знаеме. Можеби личноста е зависник или била злоупотребувана.
Можеби има тешки животни околности...
Она што личноста го покажува во јавноста никогаш не е целата слика.
Животот е повеќе од сјајот и гламурот и посебно од далеку од она што го гледаме на социјалните мрежи.
Никој не пишува за своите проблеми.
Никој не пишува за своите битки.
Не постои силна личност со лесно минато
Некои луѓе изгледаат како да се полни со самодоверба, како сите коцки да им се наместени во животот, како сите работи да им се случуваат онака како што посакуваат. Како некои работи да не влијаат на нив...
Нивната насмевка се шири во просторот и нивната енергија едноставно, се чувствува...
Во еден момент се прашуваме: Како може да е толку силна и среќна личноста? Посакуваме и ние да имаме самодоверба како нејзината, да бидеме баш како неа.
Но, некои од најсилните луѓе се оние кои воделе тешки борби и битки. А, ако ја слушнете нивната животна приказна, сигурно ќе останете со очи полни солзи.
Сите имаме проблеми.
Сите имаме стравови.
И секој се надева дека ќе наиде на светло на крајот од тунелот.
Н. Г. | Црнобело