Зошто требаше да го послушам секој совет на мајка ми за љубовта и мажите?
Кога ќе настапи пубертетот последната личност од која сакаме да чуеме некој совет е нашата мајка, и покрај тоа што таа има многу повеќе искуство во животот од нас.
Потоа брзо поминува пубертетот и несигурно веќе навлегуваме во раните дваесетти каде гордо и тврдоглаво маршираме низ сите можни ситуации кои ќе ни излезат на патот, и понатаму уверени дека советите на мама се нешто кое воопшто не ни треба, можеме ние и сами.
Е тогаш, како некој да ве полеал со кофа ладна вода, сфаќате дека наближувате до триесеттите и едно едно утро, додека надвор тивко врне, а вие лежите во креветот покриени со три различни прекривки сфаќате една голема вистина – мама можеби сепак беше во право.
Не сакам сега да кажам дека сите одлуки кои сум ги донесла во животот биле погрешни. Некои од најболните одлуки кои сум го донесла беа исклучиво мои, и целосно спротивни од сето она кое мама ми го советуваше во одредени моменти.
Она што го сфатив е дека, и покрај целиот мој труд, желба и волја да ги направам работите по мое, требаше да ги послушам советите на мама кога беа во прашање мажите во мојот живот.
Секако тие совети понекогаш беа многу сурови, речиси секогаш брутално искрени, ни никогаш злонамерни, или искажани заради некаква љубомора.
Постои нешто што никој не може да го објасни, а поврзано е со чувството кое се создава во нас кога ќе чуеме совет од некој кој ни е многу важен, и колку и да знаеме дека таа личност е во право, многу често одлучуваме да одиме со главата во ѕид, верувајќи во подобра иднина, која речиси никогаш не се остварува.
Да ги послушав советите на мајка ми за љубовта, со сигурност можам да кажам дека ќе бев многу помалку повредувана од ова што сум денес, многу помалку ќе се замарав со ситуации во кои всушност не би требало ни да се наоѓам, многу полесно ќе ми беше да оставам сè и да си заминам и да му да доверам мојата доверба на некој друг.
Еднаш ми кажа дека не би сакала да биде во кожата на денешните девојки, бидејќи времињата во кои мажите се труделе околу жените веќе и да изумреле.
Постојано се сеќавам на нејзините приказни како машките доаѓале пред нејзината врата дури и од друга држава само за да ја видат на 5 минути и потоа се враќале назад.
Зборувам за друга држава. Денес на машките им е тешко да дојдат од едниот до другиот крај на градот. Не на сите, секако. Секогаш постојат исклучоци од правилото но факт е дека денешната генерација едноставно не сака да вложи никаков труд.
Со текот на времето сфатив дека секој совет на мајка ми бил сосема точен. Едноставно секогаш знаеше да процени колку му значам на секој мој дечко, врз основа на неговите постапки. Никогаш не погреши, а тоа е најстрашната вистина.
Денес верувам дека сум попаметна од тоа што бев вчера, пред 7 или 10 години, и со големо уживање седам на ручек со мајка ми секоја недела и речиси секогаш се случува да го споменеме мојот љубовен живот. Некогаш се смееме, некогаш ми дозволува да се исплачам, но секогаш е тука да ми каже како стојат работите, реално и без додавање.
Денес знам дека советите на мама се најскапото и највредното нешто кое го имам во животот, и да можев порано да го сфатам тоа ќе беше многу подобро.
М. С. | Црнобело