Лузните нанесени од зборови никогаш не се лекуваат
Живееше еднаш еден многу импулсивен и избувлив човек кој во многу ситуации не можеше да го контролира своето однесување.
Еден ден неговиот татко му даде вреќа полна клинци и му рече:
„Секогаш кога нема да можеш да ја задржиш својата лутина, или ќе се скараш со некого, земи и заковај по еден клинец во оградата околу нашата градина.“
Првиот ден на оградата се најдоа неколку дузини клинци. Една недела подоцна, младото момче почна да учи да се контролира себеси и секој ден бројот на заковани клинци стануваше сè помал.
Тој почна да сфаќа дека многу е полесно да го контролира својот бес, отколку да кова клинци во оградата.
Конечно дојде и тој ден кога младото момче ниту еднаш не ја загуби присебноста.
Му го кажа тоа на својот татко, а тој повторно му заповеда, од тој ден па натаму секогаш кога ќе успее да се контролира да извади по еден клинец од оградата.
Времето минуваше и дојде денот кога младото момче можеше да му соопшти на татко си дека на оградата не останал ниту еден клинец.
Тогаш таткото го зеде за рака синот и го одведе до оградата:
„Беше одличен, но дали гледаш колку дупки има во оградата? Таа веќе никогаш нема да биде иста како претходно. Кога ќе кажеш некому нешто лошо или болно, во неговата душа остануваат исти лузни како што останува оваа дупка.“
М. С. | Црнобело