Лето, врати се! Сè ти е простено!
Додека ги навлекувам дебелите чорапи на нозе, го наметнувам палтото над дебелиот џемпер и со неверување гледам низ прозор, низ глава ми прелетуваат оние моменти кога те пцуев затоа што во автобусот нема клима, зошто морам да се потам по пластичните седишта, зошто чекам во пошта на +50 наместо да сум на плажа со коктел...
Си велам, будала, сигурно се налути затоа што не те ценев доволно.
Се сеќавам и на она кога те мразев затоа што изгорев, па два дена се мачкав со секакви јогурти и бегав од било каков сончев зрак.
Се сеќавам како кукав за малку освежување додека стоев пред климата замотана во бел мокар пешкир.
Се сеќавам и дека ја галев климата која дуваше на 18 степени, само за побрзо да ми го олади станот.
И мрморев што сладоледот ми се топи многу побрзо отколку што можам да го изедам.
Се сеќавам како сакав дожд додека барав слободно парче ладовина под градските тенди.
Се сеќавам и како се не те нарекував... пекол, отров жешко, неподносливо.
Ох, лудост.
Врати се лето! Прости ми, затоа што јас сè ти простив!
М. Д. | Црнобело