7 мудри изреки за поубав ден
Убаво е секој ден да научите по некоја мудрост. Велат - човекот учи додека е жив, а посебно е интересно ако можете да научите на поинаков и поинтересен шеговит начин.
Овие мудрости ќе ве потсетат на некои факти од секојдневието и ќе ви го разубават денот.
1. Пушењето ја скратува цигарата.
2. Некои пијат од радост, други од тага, а трети од рано наутро.
3. Родендените се корисни! Колку повеќе ги имаш – толку подолго живееш!
4. Некои грешки се толку забавни така што е штета да ги направите само еднаш!
5. Кога ќе се соберат обичните работници – играат фудбал. Кога ќе се сретнат шефовите – играат тенис. Кога ќе се сретнат менаџерите – играат голф. Колку е функцијата позначајна – толку се топчињата помали!
6. Некои шефови се како облаци. Кога си одат, денот е прекрасен.
7. Алкохолот не ги решава проблемите. Од друга страна пак, ниту млекото може да ги реши.