Чувството кое го дава пријателството со силна жена...
Велат дека најдобрата пријателка е онаа која ја крие секоја наша тајна, која е тука за нас во секоја животна ситуација. Јас имам пријателка која е секогаш тука за мене, ама не ја нарекувам најдобра.
Таа е пријателка на која можам да ѝ се јава во било кое доба од денот и да очекувам нејзин одговор. Нема да ми прати порака само да ме потсети да не направам нешто глупаво, а ако сакам со некого да поразговарам можам да сметам на неа.
Таа е личност која ќе ми каже, „јави ми се кога ќе стигнеш дома“. Која ми допушта да зборувам бескрајно.
Ме потсетува дека можам сè да посакам, само треба да сум доволно храбра. Со неа можам да зборувам за соништа, тетоважи, филмови...
Таа е пријателка која може да ми се јави среде ноќ само да ме праша дали ја сакам. Да ми се пожали дека сè уште мисли на поранешното момче, ама дека е доволно паметна за да не му се врати.
Таа е пријателка која ќе ми се смее кога ќе паднам, ама прва ќе дотрча да ми помогне да станам.
Секогаш ќе ги најде вистинските зборови да направи сè да биде подобро, дури и кога работите не изгледаат така.
Можеби пцуе како „кочијаш“, ама има срце поголемо од месечината.
Таа е личност која знае сè за мене, сите мои длабоко сокриени тајни и никогаш не ме осудува.
Можеби никогаш нема да каже „те сакам“, ама нејзините дела испишуваат приказна за една голема љубов.
Кога ќе заборавам, ме потсетува дека го заслужувам најдоброто.
„Тука сум за тебе“...
Небројни пати ми кажала дека сум силна. Дека верува во мене,
Таа е пријателка која секој мора да ја има.
Пријателка која докажува дека убавината и квалитетот на пријателството не се мери со години познанство.
Токму и затоа не ја нарекувам најдобра.
Би било потценувачки за нејзината величина.
Бидејќи пријателството на силна жена е најдобрата работа која може некогаш да ни се случи.
Н. Г. | Црнобело