Животна лекција за 10 секунди: Моќта на ситниците
Оваа приказна е одличен потсетник колку се важни ситниците во нашиот живот.
Тие се мали работи кои со текот на времето стануваат сериозни, а на почетокот не сме реагирале затоа што биле „само ситници“.
Што ќе биде ако жабата се најде во лонец со жешка вода? Веднаш ќе помисли: Овде е непријатно. Треба побрзо да избегам од тука.
Во истиот момент ќе скокне.
А, што ќе се случи ако истата таа жаба ја ставите во лонец со ладна вода која постепено ќе ја загревате?
Жабата ќе се опушти. Таа секако ќе забележи дека водата се затоплува, но ќе си помисли: Малку топлина нема да ми наштети.
А, ќе заврши со тоа што ќе биде сварена.
Поука: Многу лоши работи во животот незабележливо се трупаат - долгови, вишок килограми, лошо здравје, незнаење... Паметете дека не смеете да ги потценувате ситниците.
М. Д. | Црнобело