15 едноставни правила за животот

Животот знае да биде тежок и комплициран, но истовремено и убав и неверојатен, па затоа секогаш избирајте да гледате на светлата страна.

15-ednostavni-pravila-za-zivotot-01.jpg

Понекогаш толку многу се опседнуваме со сите негативности кои ни се случуваат, што забораваме да се радуваме на малите работи и ја потиснуваме среќата кои тие ја носат.

Следните 15 правила ќе ве потсетат колку животот е убав и како да го извлечете максимумот од него.

1. Ако сакате некого, кажете му го тоа. Што можете да изгубите?

2. Ако нешто не ви е јасно, прашајте за објаснување.

3. Ако сте виновни, признајте и не барајте изговори.

4. Секогаш имајте на ум дека секој има своја верзија на вистината и дека таа често не се поклопува со вашата.

5. Главна работа во животот е љубовта, сето останато е суета.

6. Вашите проблеми се (главно) во вашата глава.

7. Светот околу нас не е ниту добар ниту лош, ниту пак го интересира дали постоите или не.

8. Немојте да се досадувате.

9. Запомнете дека не должите ништо никому.

10. Запомнете дека никој ништо не ви должи на вас.

11. Постои само една личност на која можете да се потпрете во животот – на себе.

12. Не верувајте во ветувањата туку во своите чувства.

13. Можеби денешниот ден не бил онаков каков што посакувавте, но тоа не значи дека и утре ќе биде така.

14. Верувајте силно и безрезервно во себеси, во другите, во светот...

15. Секогаш имајте на ум дека денешниот ден може да биде најдобриот ден во вашиот живот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg