„Топлото срце е многу поважно од брилијантниот ум“ - Далај Лама

„Довербата води до среќни денови и среќни животи“. Ова бил одговорот кој Далај Лама му го упатил на новинарот од „National Geographic“ на прашањето: Како можеме да пронајдеме мир набљудувајќи го светот?

Ednostavniot-vodic-na-Dalaj-Lama-za-postignuvanje-srekja-01.jpg

Најкусиот одговор: Патувањата нè учат да веруваме.

Додека безнадежно сме заглавени во вртлогот на секојдневниот хаос, имајте предвид дека плановите кои ги кроите за секое патување, блиско или далечно, го започнуваат процесот на блаженство и среќа.

„Здравјето е многу важно за водење среќен живот, но процесот мора истовремено да вклучува и среќен ум“, вели 14-от Далај Лама.

Кога се фокусираме премногу на нашите проблеми, тогаш ја влошуваме ситуацијата.

Кога нашиот ум е константно навиен да размислува на она што не чини, стануваме неподносливо оптоварени и несреќни.

Со гледање на светот и животот во поширока смисла, креираме поголем простор за одржување на надежата и ентузијазмот.

Крајниот заклучок е дека патувањата навистина може да го направат светот едно посреќно место, бидејќи нè принудуваат да си веруваме еден на друг.

Секогаш кога ќе имате можност, спакувајте ги куферите, доживејте и впијте различни географски простори и култури и никогаш не губете ја својата емпатија.

„За вистинска среќа, топлото срце е многу поважно од брилијантниот ум“, ја завршува својата порака Далај Лама.

Ednostavniot-vodic-na-Dalaj-Lama-za-postignuvanje-srekja-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Едина Муса за CRNOBELO лексикон: „Најубаво место на светот ми е дома со саканите“ „На 5 години сама отидов да ја земам сестра ми од школо, а притоа само излегов о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg