Враќање во убавите времиња: Музиката од Македонските народни приказни

Старите добри Македонски народни приказни. Причината поради која се будевме порано, бидејќи беа задолжителна порција за гледачите, како во летната, така и во зимската рекреативна програма.

Dali-znaete-cija-e-muzikata-vo-makedonskite-narodni-prikazni-01.jpg

Колку пати имам задоцнето втора смена на училиште само за да ја догледам приказната и да видам како жената го пукнала ѓаволот, колку пари ќе пронајде Гоце Тодоровски во грнето и како сиромавиот ќе ги прескокнува скалите за да не ги потроши.

Се воодушевуваме на изведбата на Ѓорѓи Колозов како Господ, Попот или Кадијата, покрај подеднакво квалитетната екипа на старите македонски народни приказни.

Убави времиња, нели? Заедно со „Весела математика“ и „Бушава азбука“, Македонските народни приказни остануваат во трајно наследство кое не ни здосадува и после 50-тото репризирање.

Но, дали знаете чија е музиката која се провлекува низ многу епизоди на приказните?

Станува збор за турскиот автор, поет, музичар и композитор Омер Зулфу Ливанели, роден 1946 година, кој се смета за една од највлијателните уметници и интелектуалци на неговото време.

Dali-znaete-cija-e-muzikata-vo-makedonskite-narodni-prikazni-02.jpg

Неговите книги се добитници на бројни награди, како во рамките на матичната земја, така и во светски рамки.

Ливанели е автор на повеќе од 300 композиции, а конкретно овие беа дел од музиката на Македонските народни приказни.

Сигурно ќе ви се вратат многу спомени од детството и минатото на едно прекрасно време.

Слушнете ги и уживајте.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 кратки раскази, кои се помоќни од цела книга Секоја ноќ одиме во кревет, без некаква сигурност дека ќе бидеме живи наредното ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Некогаш на учителките им носевме каранфили, денес ваучери за шопинг: Дали претеруваме за 8 Март? „Се сеќавам, кога бев во основноо, немаше натпревар кој ќе ѝ купи поубав или пос...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg