15 животни лекции кои секој 25-годишен треба да ги знае

Младоста е период на големи промени. Сѐ започнува со завршување средно образование и заминување на факултет. Тоа се првите можности кога најголем број од младите луѓе вистински се осамостојуваат и кога всушност почнува вистинскиот живот.

15-zivotni-lekcii-koi-sekoj-25-godisen-treba-da-gi-znae-01.jpg

По завршување на факултетот, следува еден потежок период т.е. барањето работа, а тоа отприлика се случува од 23-тата година нагоре. Тие години се годините полни со најмногу стрес и почетокот на вистинските проблеми. Но, не е сѐ така црно...

Ова се 15-те нешта кои секој 25-годишен човек треба да ги знае:

1. Уживајте во храната

Особено жените, но и мажите барем додека се млади постојано внимаваат што јадат за да ја одржуваат „вистинската“ тежина. Секако дека е во ред да внимавате што јадете, но пак од друга страна убаво е и одвреме-навреме да се опуштите и да јадете нешто за ваша душа – сладолед, хамбургер, или нешто друго што ви прави мерак.

2. Кога си го заштитувате вашето време им правите чест на приоритетите

Цел ваш живот луѓето ќе бараат разни услуги од вас. Ако секогаш прифаќате и потоа се жалите дека имате премногу работа и дека сте премногу уморни, тогаш вината е само ваша. Времето е вашиот најскапоцен ресурс. Научете да кажувате „не“ за да му обратите внимание на она што вам најмногу ви значи.

3. Патувајте колку што можете повеќе – тоа ќе направи проблемите да ви изгледаат помали

Со тоа што ќе прошетате во друг град или земја, брзо ќе сфатите дека голем дел од вашите проблеми не се толку значајни. Ако имате храна, чиста вода, засолниште и луѓе кои ве сакаат, тогаш сѐ е во ред во вашиот живот.

4. Совршеното тело не е во никаква корелација со вашата среќа

Постигнувањето на посакуваната тежина, просторот меѓу бедрата, или другите да ве сметаат за „слаби“ – овие нешта можеби краткотрајно ќе ве усреќат, но нема да ви понудат долготрајно задоволство. Помирете се со телото што ви било дадено – восхитувајте му се како ви дозволува да се движите, дишете, размислувате и постоите.

5. Нема потреба да убедувате некој да ве сака

Сигурно во моментов си викате „Јас никогаш не би го направил/а тоа.“  и потоа се наоѓате во ситуација каде си го загрозувате интегритетот со надеж дека тој/таа ќе се однесува со вас онака како што сакате да бидете третирани. Тоа е битка во која не можете да победите.

Ако во било каква мера молите, барате или убедувате во врската, тогаш нештата тоа нема да заврши добро. Наместо тоа, зачувајте си простор во животот за луѓето кои сакаат безусловно да ве сакаат.

6. Кренете телефон – уште подобро појавете се

Престанете да се криете зад компјутерот. Слушајте го ритамот и мелодиката на нечиј глас. Научете да идентификувате паузи и како да го прилагодите тонот додека слушате како другиот човек зборува.

Направете ги сите овие нешта додека внимавате на нивното лице и нивниот говор на телото. Најголемиот дел од разговорите се комплетно поинакви зад екранот наспроти оние што се случуваат спроти маса.

7. Простете си

Можеби ќе се сетите на некои грешки и ќе си се налутите повторно на себеси, но пробајте да не се опседнувате со минатото. Одлуките ги носиме врз основа на информациите кои ги имаме, кои вообичаено се нецелосни и затоа понекогаш грешиме.

Простете си, затоа што сега научивте од грешките. Можноста да си дадете грациозност и сочувство при грешка е инструктивна и потребна алатка која ќе ви биде корисна целиот ваш живот, затоа сфатете го ова како вежба за во иднина.

8. Не ја праќајте пораката во 3 часот наутро. Едноставно немојте.

Пораките напишани и пратени доцна во ноќта скоро секогаш завршуваат со емотивни мамурлаци или со будење покрај таа личност со чувство на каење. Сѐ што мора да кажете во доцните часови од ноќта, може да почека до следното утро. Верувајте.

9. Фокусирајте се на тоа како се чувствувате за нештото, а не како изгледа

Ако нешто изгледа супер, но чувствувате дека е погрешно, тогаш тоа порано или подоцна ќе исплива на површина, бидејќи не можете вечно да се криете од вашите вистински чувства.

Постојано прашувајте се „Дали мене ова ми одговара?“ и потоа слушнете го вашиот одговор и реагирајте во склад со тоа, без да се плашите што мисли некој друг. Другите не го живеат вашиот живот – вие го живеете.

10. Сфатете дека вашите пари се моќни, а не здодевни

Знаењето е вистинската моќ. Стапките на заштеда, осигурување, долгови на картички, фонд за итни потреби, данок и сл. – живееме во ерата на Гугл, затоа нема изговор за немарност, кога станува збор за теми поврзани со финансиите. Парите не можат сѐ да купат, но нудат сигурност и слобода.

11. Не молчете ако сте сведок на расизам, сексизам...

Молкот значи одобрување. Не е туѓ проблем и не е во ред да го игнорирате. Ако признаете дискриминација, нетолеранција, нееднаквост, предрасуди и сл. не сте премногу нежни или некултурни. Не молчете!

12. Тајните се отров кој делува бавно

Со текот на времето, тајните стануваат сѐ потешки и потешки и ако не сте внимателни тие можат да предизвикаат хаос во вашиот живот. Тајните не носат добро, но ги чуваме бидејќи изгледаат добро. Решение? Искреност и транспарентност – со себеси и со другите луѓе.

13. Престанете да се извинувате затоа што сте го искажале вашето мислење

„Се извинувам“ е фраза која е потребна кога ќе повредите некого со вашето тело или вашите зборови. Престанете да се извинувате затоа што постоите.

14. Навистина, искрено нема потреба да убедувате некој да ве сака

Ако не нѐ послушате ќе ви бидат потребни уште минимум 10 години за да го сфатите тоа сами. Затоа вреди оваа точка два пати да ја повториме.

15. Доволни сте

Колку повеќе верувате во ова, толку помалку ќе чекате другите луѓе да ја одредат вашата вредност. А, кога верувате во сопствената проценка, без разлика што ќе се случи никој не може да ви го одземе тоа. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg