Секогаш си слободна да се завртиш и да заминеш

Слободна си да си одиш од било која приказна во која ќе се најдеш. Слободна си да си заминеш од било која приказна ако не си се допаѓаш самата на себе во неа.

sekogas-si-slobodna-da-se-zavrtis-i-da-zamines-01.jpg

Слободна си да го напуштиш градот кој го задуши твоето светло, наместо да сјаеш уште посилно. Слободна си да си ги спакуваш куферите и да почнеш од почеток некаде на друго место и слободна си да ја редефинираш смислата за живот.

Слободна си да дадеш отказ, па дури и ако целиот свет ти го кажува спротивното. Слободна си да бараш нешто на што ќе му се радуваш утре и секој следен ден.

Слободна си да го оставиш оној кој го сакаш, само затоа што се однесува лошо со тебе. Слободна си да се ставиш себеси на прво место и слободна си да си отидеш кога веќе сè си пробала, а ништо не се променило.

Слободна си да ги напуштиш отровните пријатели, слободна си да се опкружиш само со љубов и луѓе кои те охрабруваат. Слободна си да земеш онаква енергија каква што ти треба во животот.

Слободна си да си простиш себеси за сите мали и големи грешки и слободна си да бидеш љубезна со себе. Слободна си да се гледаш во огледало и да ти се допаѓа она што го гледаш.

Слободна си да се ослободиш од сите очекувања.

Понекогаш заминувањето го гледаме како лоша работа и го поврзуваме со откажување, но некогаш заминувањето е најдобрата работа која можеш да ја направиш за себе.

Заминувањето ти дозволува да го промениш правецот, да го повториш почетокот и повторно да се откриеш себеси и да го откриеш светот.

Заминувањето понекогаш те спасува од тоа да останеш заглавена на погрешно место, со погрешни луѓе.

Заминувањето ти отвора врата за промена, раст, прилики и снаоѓање.

Секогаш имаш избор да си заминеш, додека не најдеш каде припаѓаш.

Слободна си да ја напуштиш старата верзија од себе и да се создадеш повторно.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg