Сѐ што сакам да му кажам на детето во мене

Слушни ме што ќе ти кажам сега. Мало си и не знаеш ништо, иако мислиш дека си најпаметното суштество кое одело на планетава. Врска немаш верувај ми.

se-sto-sakam-da-mu-kazam-na-deteto-vo-mene-001.jpg

Кога веќе зборуваме за верба, не им верувај толку многу на сите, затоа што луѓето многу често ќе те разочаруваат, а тоа ќе боли толку многу што ќе посакаш да си ја искорнеш кожата и да престанеш да бидеш човек. Но, не грижи се, таквото чувство поминува.

Ќе ти го кршат срцето толку многу што не ќе знаеш како изгледа љубовта и ќе престанеш да веруваш во неа, ама ќе дојде време кога конечно ќе вкусиш среќа. Сега, со солзи си во очињата знам и нема кој да ти ги избрише, но некој ќе се појави подоцна.

Знам дека мислиш дека никој не те сака, но не си ги пронашла вистинските луѓе. Оние со кои ќе поминуваш по цели ноќи заедно тресејќи глупости и смеејќи се. Ќе имате многу луди моменти, ќе одите на многу добри журки и ќе го видите вашиот омилен бенд заедно. Ќе гледате изгрејсонца и зајдисонца заедно. Ќе пиете кафе на таа твоја совршена тераса и ќе зборувате за сѐ.

Сега ти е многу тешко и душата те боли, но сѐ има крај. Ќе научиш да се облекуваш убаво, дури и да се шминкаш. Ќе привлекуваш погледи и ќе бидеш шармантна дама каква што отсекогаш си сакала и си им се восхитувала. Ќе имаш добар и изострен вкус за облека, но малку ќе штрчиш. Ама, ако, убаво е така. Уникатните луѓе се оние кои се забележани, а не оние кои целосно се вклопуваат.

Ќе бидеш успешна во она што најмногу го сакаш и верувај ми подобра си отколку што мислиш. Тоа ќе ти го потврдат безброј луѓе, а и професионалци кои ќе сакаат да соработуваат со тебе. И плус ќе заработуваш од тоа.

Но, ќе знаеш и премногу да работиш за да не се соочиш со проблемите кои те мачат. Во тие моменти ќе „растуриш“ на професионално ниво, но внатре ќе бидеш уништена и ќе бараш спас во купот работа. А, сама ќе дознаеш дека спасот се крие во тоа да престанеш да се заморуваш со ситници кои воопшто не ти го дефинираат животот иако ти така мислиш.

Ќе научиш да попушташ и дека не секогаш мора да биде по твое. Особено ако некој сакаш да го задржиш покрај тебе, тогаш дефинитивно ќе попушташ. Ама ќе научиш и да велиш „не“ затоа што така ќе покажеш дека си силна и дека имаш став. Уште поважно, ќе сфатиш кои луѓе заслужуваат да останат покрај тебе, а од кои треба да се ослободиш по брза постапка.

И најважната лекција која што ќе ја научиш мило мое детенце е таа дека вредиш многу повеќе отколку што мислиш. И ќе се носиш така и ќе бидеш таква. Ќе чекориш со високо крената глава, ќе заведуваш со самодоверба и кога некој не е достоен да биде покрај тебе, ќе најдеш начин да се простиш од него.

Не велам дека ни тогаш нема да те боли – секогаш однатре ќе умираш, ама по некое време ќе ти помине. Сакам да ти кажам да уживаш додека си мало, бидејќи кога ќе пораснеш ќе те чекаат многу одговорности и ќе мораш да носиш тешки одлуки за твое добро, но тоа сепак не значи дека нема да бидат тешки.

Уживај во животот и престани да мислиш толку многу. Бурата ќе помине. Не оставај младоста да ти помине. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg