Таа сакаше само да танцува...

На училиште беше сметана за изгубен случај. Еден ден нејзините родители добиле порака: „Оваа девојка има нарушување на способноста да учи, не може да се концентрира, секогаш мрда, го прекинува часот, домашната никогаш не ја дава на време“...

taa-sakashe-samo-da-tancuva-01.jpg

Денес докторите би рекле дека има хиперкинетичко нарушување, или како што американците сакаат скратено да го кажат ADHD, но во `30-те овој поим воопшто не постоел.

Нејзините родители ја однеле на лекар, ја седнале на стол на крајот од собата и ја натерале да седи цели 20 минути додека докторот и нејзината мајка разговарале за проблемите кои ги имала на училиште.

По 20-на минути докторот ѝ кажал да излезе надвор за да може да разговара со нејзината мајка малку насамо.

Пред да излезе девојчето, тој го вклучил радиото, а малечкото девојче веднаш започнало да танцува.

Докторот се свртел кон нејзината мајка и ѝ рекол: „Не е болна. Таа е само танчар. Испрати ја на часови по танцување.“

Мајката го послушала советот на докторот, а девојчето израснало во прекрасна танчарка која имала и своја компанија. Еден ден го запознала Ендру Лојд Вебер и заедно ги имаат направено некои од најпознатите кореографии во историјата.

Ова е приказната на Џилијан Лин, одлична современа кореографка, танчарка, експериментатор, актерка и режисер.

За време на нејзиниот креативен живот таа има направено неколку десетици претстави, опери, балети и мјузикли, вклучувајќи ја и легендарната „Мачки“ и „Фантомот од операта“.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg