Што се случува кога ќе ги додадете тетките за пријатели на Фејсбук?

Од сите откачени ситуации во животот, ситуацијата кога тетките и стрините ви се виртуелни Фејсбук пријателки, е состојба која се граничи со блага шизофренија. Во последно време и бабите земаат силен замав. 

Sto-se-slucuva-koga-kje-gi-dodadete-tetkite-za-prijateli-na-Fejsbuk-001.jpg

Сега, откако конечно сфатија дека глувчето не е вистинско глувче, и тие решија да се приклучат кон големото фејсбуковско семејство и да удрат здрава доза „сеир“.

Мајките и татковците божем коментираат малку порезервирано, но со огромна доза на љубов, а искрено – ниту тие не ги штедат комплиментите.

Како изгледа тоа?

- „Најубава на мајка, лична како сонце“ – коментар на фотографијата од вчерашната журка, на која гледавте два, наместо еден телефон додека ве сликаа. Мама, секако.

- „Јунак на татко, крвта не е вода“ – тато овојпат, со гордост и огромна доза на нескриен патриотизам, што создал херој. На фотографијата синчето со 10 шишиња пиво пред него.

- „Шо сте убај, поздрав од студенио Детроит“, потпис Живка (а коментирала извесна Петранка Муратова, пример). Која е Живка? Живка веројатно нема Фејсбук, ама ја малтерира Петранка, нејзина ќерка или снаа, а оваа кутрава мора да напише поздрав или отиде ручекот.

- „Епа стварно од наша фамилија нема лош човек“ – тетка овојпат. Лош во превод значи грд.

- „Плукната на мајка ти, и она си беше така покрупна во младоста“ – стрина ти, прва комшика, будно го следи варирањето на вашите килограми.

- „Сине, зошто вака намуртена слика? Смени си ја сликата, ич не си убав“ – мама, загрижено.

- „Море доста по кафани шетате, деца треба да думкате еј!“ – по малку налутената сестра на вашата мајка, коментар сличен со „Само слики со кучиња ставаш, слика со дечко кога ќе видиме?“. Тоа секако е за ваше добро, тета се грижи да не престари додека заигра на свадба, а ти да не останеш престарена мома.

- „Леле, сонце и кај вас пука ко кај нас во Аустралија“ – тетката, која 20 години не стапнала во Македонија, ама го има целото семејство на Фејсбук, со кое е во редовен контакт. И да, изненадувачки – нè грее истото сонце.

- „Машала, роден си за во банка да работиш“ – тетинот, на фотографијата додека ги покажуваш парите што си ги фатил на спортска.

- „Домаќинка на мама, сè знае да направи, умница“ – мама, ентузијастично и со охрабрување на вашиот малку подзагорен ручек.

- „Најубави, без конкуренција“ – сите родители, на сите свои деца и нивните партнери.

Но, добро. Не е за замерка, затоа што се искрени, и сепак на крајот од денот, се работи само за посветеност и внимание. Тие нè обожаваат и сакаат да ја покажат сета своја љубов на виделина, пред целиот свет.

Секако многу помили ни се овие коментари, од оние „ласкавите“ кои вклучуваат комплименти како: мачкица, sexyyyyyy, зрачиш!, сонценценце... нели?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg