Научив дека поважно е да бидеш љубезен, отколку во право

Животот се состои од мали секојдневни поуки за кои треба да станеме свесни и да започнеме да ги применуваме, ако сакаме да бидеме среќни.

nauciv-deka-e-povazno-da-bidedesh-ljubezen-otkolku-vo-rpavo-001.jpg

Енди Руни има неколку совети кои топло ги порачува на секого:

1. Научив дека најдобриот школски час е да седнеш покрај некоја постара личност и да слушаш какви мудрости има да сподели.

2. Научив дека кога сакаш, тоа се гледа.

3. Научив дека кога само една личност ќе ми каже: „Ми го разубави денот“, тоа и мојот ден го прави поинаков.

4. Научив дека најмирниот момент е кога детето ќе ти заспие на раменици.

5. Научив дека најважно е да бидеш љубезен пред да докажеш дека си во право.

6. Научив дека на дете никогаш не смееш да му одбиеш подарок.

7. Научив дека секогаш можеш да се молиш за некого, ако самиот тој нема сила да си помогне на себе.

8. Научив дека колку и да бара животот од тебе да бидеш сериозни, мораш да имаш пријател со кој ќе можеш да лудуваш.

9. Научив дека сè што му е потребно на некој е рака која ќе го поддржи и срце кое ќе го разбере.

10. Научив дека животот е како тоалетна хартија, колку побрзо е при крајот, толку побрзо си заминува.

11. Научив дека треба да бидам благодарен што Господ не ни дава сè што ќе посакаме. Со парите не може да се купи достоинство или чест.

12. Научив дека малите секојдневни случувања го прават животот спектакуларен.

13. Научив дека зад цврстиот оклоп на луѓето се крие некој кој посакува да биде ценет и сакан.

14. Научив дека Бог не направил сè во еден ден. Зошто тогаш јас би можел сè да направам?

15. Научив дека можам да ги променам работите, ако не ги игнорирам и не ги избегнувам.

16. Научив дека кога планираш да се одмаздиш на некого, продолжуваш со тоа само личноста да продолжи да те навредува и повредува.

17. Научив дека љубовта дури и на време успева да ги излечи раните.

18. Научив дека најлесниот начин да пораснам како личност е да се опкружам себеси со луѓе кои се попаметни од мене.

19. Научив дека секој кој ќе го сретнеш заслужува да го поздравиш со насмевка.

20. Научив дека никој не е совршен, сè додека не се заљубиш во него.

21. Научив дека животот е тежок и бара многу од мене, но дека јас сум жилав и издржлив.

22. Научив дека добрите можности никогаш не се изгубени, туку дека секогаш ќе му користат на некого.

23. Научив дека кога ќе научам да живеам во горчина, среќата секогаш ќе се насмевне на некого.

24. Научив дека ако треба да му кажам на својот дедо дека го сакам пред да почине.

25. Научив дека нежните зборови треба да ги споделам, бидејќи утре можеби нема да имам можност за тоа.

26. Научив дека насмевката е евтин начин за да го поправиш твојот изглед.

27. Научив дека не можам да одберам како ќе се чувствувам, но дека можам да одберам што ќе направам околу негативните емоции.

28. Научив дека сите посакуваат да живеат на врвот на планината, но и дека среќата се случува додека се качуваш на неа.

29. Научив дека е добро да даваш совет само во два случаи: тогаш кога некој ќе побара совет од вас и тогаш кога е во прашање живот или смрт.

30. Научив дека каснувањето од куче нема да помине ако го убиеш.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Кристина Димитри за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам моќ да ги излечам сите деца во светот“ „Кога бев малечка татко ми ме викаше Мече“, вели Кристина Димитри и се потпиша в...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Легендата за Саат-кулата и уште 9 забавни факти за Битола Дали знаете од каде овој град го добил своето име или ја ли имате слушнато интер...
Маја Кикириткова за CRNOBELO лексикон: „Од мала ги прекројував фустаните на мајка ми“ „Како мала сакав да бидам пејачка, но татко ми цело време бојкотираше и велеше д...
Мамо, гушкај ме почесто, те молам Мамо, помогни ми кога ми е тешко, утеши ме кога грешам и потфрлам. Не ме казнува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg