Една лекција без која животот ќе ви биде многу потежок
Додека бев во основно училиште, сериозно се скарав со еден од соучениците. Заборавив за што се расправавме, но никогаш не ја заборавив лекцијата која ја научив тој ден.
Бев убедена дека сум во право, а тој не. И тој беше убеден дека е во право, а јас не. Нашиот учител одлучи да нè научи една многу важна животна лекција.
На сред час, наставникот нè седна еден до друг и пред нас постави црн предмет.
Нè праша каква боја е предметот. Соученикот со кој се каравме одговори „бела“. Не можев, а да не престанам да се чудам на неговиот одговор, кога очигледно преметот беше во црна боја.
Почнавме повторно да се расправаме, а тогаш, наставникот нè премести.
Кога седнав таму каде седеше соученикот, открив дека предметот од негова страна, навистина бил бел.
Предметот пред нас имаше две бои и две страни.
Понекогаш за потполно да ја разбереме другата личност потребно е да се ставиме во позицијата на другата личност и да гледаме на проблемот од друг агол...
Н. Г. | Црнобело