Брзи начини за расположување кои ќе ви стават насмевка на лицето

Потребна ви е доза среќа? Понекогаш сѐ што ви е потребно е едно мало дело кое веднаш ќе ве расположи.

brzi-nacini-za-raspolozuvanje-koi-kje-vi-stavat-nasmevka-na-liceto-001.jpg

Без разлика дали тоа е врела шолја кафе или едно кратко возење со отворени прозорци околу маалото, овие ситни моменти можат да имаат големо влијание.

Ова е листата на нешта што треба да ги направите за да се усреќите:

1. Облечете го омилениот фустан без да имате некоја посебна пригода.

2. Пратете ѝ било каков дамнешен спомен на вашата најверна пријателка.

3. Вежбајте – шега на страна, помага.

4. Испратете чудна или смешна честитка на луѓето кои ги сакате.

5. Пуштете песна од вашите тинејџерски денови и играјте како никој да не ве гледа.

6. Повозете се низ маалото со спуштени прозорци.

7. Направете некои интересни шари на вашите нокти.

8. Започнете страсно да го бакнувате партнерот (без причина).

9. Отспијте 20 минути.

10. Запалете ја омилената свеќа.

11. Кажете „те сакам“ на некој за кој искрено го мислите тоа.

12. Направете си топла купка.

13. Прочитајте го првото поглавје од омилената книга.

14. Однесете им нешто домашно направено на комшиите.

15. Исчистете ја таа фиоката што со месеци се убедувате дека ќе ја испразните.

16. Видете го смешниот пранк на Адел и Елен Деџенерес.

17. Напијте се шолја топло кафе или чај.

18. Нанесете луксузна маска за лицето.

19. Купете и аранжирајте цвеќиња.

20. Имајте секс.

21. Испланирајте го вашиот следен одмор или викенд.

22. Напишете благодарници.

23. Наместете го креветот.

24. Внесете се во омиленото списание.

25. Облечете чевли кои навистина ги сакате (без причина).

26. Сончајте се.

27. Направете домашна забава за пријателите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg