Поучна приказна: Колкава е цената на рамнодушноста?
Еднаш Ѓаволот некако одлучил да го распродаде сиот свој арсенал на оружје. Уредно го наредил во витрината за секој да може да го види.
Колекцијата била навистина импресивна: тука била блескавата кама Завист, веднаш до неа се наоѓал големиот бодеж Гнев, на втората полица лежел лакот Жед, а до него живописно биле распоредени отровните стрели на Страст и Ревност.
Тука биле и оружјата Страв, Гордост и Омраза, и над сите се наоѓало парче хартија со нивното име и цена.
На најубавата полица, одвоено од сите други оружја, се наоѓал мал и неубав дрвен клин, на кој стоело закачено името Рамнодушност.
Она што предизвикувало најголемо изненадување кај сите било тоа што цената на ова оружје била поголема од цената на сите други заедно.
Еден случаен минувач го прашал Ѓаволот зошто цената на тој чуден клин е толку висока.
- Всушност, јас го ценам него најмногу од сите мои оружја, - одговорил на Ѓаволот, - бидејќи тоа е единственото оружје на кое можам да се потпрам, тогаш кога сите други ќе откажат.
Тој ја пуштил раката и нежно го погалил дрвениот клин.
- Ако успеам да го забијам овој клин во човековата глава, – продолжил тој, - тој потоа ќе ми ги отвори сите врати за да ги употребам сите останати оружја.
М. С. | Црнобело