Според творецот на „Малиот принц“: Што е најважно во животот?
Во еден од најтешките периоди од својот живот, творецот на книгата „Малиот принц“,Антоан де Сент-Егзипери, ја напишал својата молитва за која мал број на луѓе знаат.
Ќе ве потсети на тоа што е важно во животот, ќе ви ги допре умот и срцето...
„Боже, не се молам за чуда и визии, само барам сила за своите денови. Научиме на уметноста на малите чекори.
Направи ме попаметен и снаодлив, така да можам да дојдам до важните откритија и искуства.
Помогни ми подобро да го користам своето време. Покажи ми како да пресудам дали нешто е важно или не.
Се молам за моќ и дисциплина, а и умереност, не само да поминам низ мојот живот, туку да живеам разумно и да можам да ги доживеам неочекуваните задоволства и постигнувања.
Чувај ме од наивното верување дека сè во животот мора да оди глатко. Дај ми трезвено признание дека нас тешкотиите, неуспесите и грешките ќе не направат зрели и возрасни, а нашиот живот подобар.
Прати ми ја вистинската личност во вистинското време, која ќе ми даде храброст и љубов да ја барам вистината.
Знам дека многу проблеми се решаваат сами од себе, па те молам да ме научиш на трпение.
Знаеш колку ни се потребни пријателствата. Направи ме вреден за тие најубави, најтешки, најризични и најкршливи подароци на животот.
Дај ми доволно фантазија, за да можам да ја споделам со некого, на право место, во право време, со зборови или тишина.
Поштеди ме од стравот за она што ми недостасува во животот.
Не ми ги давај работите кои ги посакувам, туку оние кои ми се потребни.
Научи ме на уметноста на ситните чекори.“
Н. Г. | Црнобело