Јас не сум одмаздољубива кучка, тебе животот ќе ти врати

Си сварив кафе иако е еден часот по полноќ, не можам да спијам бидејќи сите мисли ми се некаде раштркани, патуваат наоколу без мое барање, без да се сеќавам зошто тоа се случува.

sto-trebase-da-napravam-vo-zivotot-za-da-ne-naletam-na-idioti-kako-sto-bese-ti-01

Седнав на креветот и ги отворив албумите како патетична глупачка која тагува по минатото. Од прва до последна фотографија, барем од овие поновите бевме јас и ти. Насмеани, среќни, полни со живот и планови за иднината.

Отсекогаш сум се прашувала зошто толку им верувам на луѓето, тебе ти верував до болка и таа болка ти ја рашири низ моето тело, без да знаеш дека јас знам. Затоа сега додека го пијам ова кафе кое ќе и помогне на мојата несоница да го разбранува срцето те повикувам тебе.

Дојди и отстрани ги сите тие лажни бакнежи, „одбакниме“, ако тоа воопшто постои. Голтни ги сите лажни мисли, сите лажни зборови и не се обидувај да се извиниш бидејќи тоа воопшто нема да ти помогне. Отстрани ги сите твои допири кои го милуваа моето тело, исчисти ги сите тие гревови и не ме прашувај зошто.

Дојди да го повлечеш секој твој шепот во мојот врат, однеси го мирисот на твојот парфем од моите рецептори и собери ги сите твои бели кошули со мојот црвен кармин на нив. Не посакувај да ми објасниш, не барај да разберам, не се обидувај, не измислувај, бидејќи работите на овој свет беа измислени многу одамна.

Си велам, што треба да направам во животот за никогаш да не налетам на идиоти како што беше ти? Дали треба да фрлам некаква клетва, некаква магија, што требаше да направам, сакав некој да ми објасни како да останам неповредена од кретените кои шетаат наоколу, жедни за женски тела, а шупливи во срцата. Изгорени за малку секс, а ладни кога станува збор за љубовта.

Ги гледам фотографиите и конечно можам да ти ја видам таа цинична насмевка, тој ладен, отсутен поглед кој не ме ни погледнува. Како можев да бидам слепа цело време? Да ти верувам, а ти да спиеш со секоја втора која ќе ти наиде на улица. Да се палиш на секој секси задник на улица, дури и кога ме држиш за рака. Како ги пропуштив сите тие знаци?

Додека јас одам спомен по спомен обидувајќи се да избришам сè поврзано со тебе во ноќта која изгледа предолга за да бидеш сам, ти сигурно милуваш нечие тело, со слатки зборови како што го милуваше моето. Повторно си бесрамен измамник кој трага по секоја евтина курва на улица. Чекаш да дојде утрото и да те пречекам со појадок и насмевка, навикнат како и секогаш.

Но овојпат ќе ме најдеш мене и една цинична насмевка, ќе ти го покажам патот кон твојот дом и ќе се запрашаш што направив, што изгубив? Можеби не во моментот, но јас ќе научам да бидам среќна без тебе, а ти ќе налеташ на исто суштество со исти својства како твоите и ќе патиш.

Јас не сум одмаздољубива кучка, тебе животот ќе ти врати. А најмногу ќе те копка како сум дознала сѐ, но да знаеш ниту една работа не останува тајна, особено ако не се случила само помеѓу двајца.

Не ти посакувам да останеш сам и разочаран, бидејќи тоа секако ќе ти се случи, на таквите како тебе тоа им е запишано во книгата на судбината, поинаку не би било фер за останатите.

После тој разговор со себеси кафето имаше поинаков вкус, знаев што ќе сонувам откако ќе заспијам. Кој би помислил дека ако те пуштам да си одиш ќе бидам посреќна.

Но, за чудо бев и повеќе од спремна да ти ја видам таа кисела фаца на твоето лице кога ќе те шутнам од мојот дом.

Не можев да дочекам да дојде утрото...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg