Сè додека имам цел во средината на мојот нишан, другите не се важни

Ако некогаш се запрашаш дали треба да се променам, биди подготвен да се запрашаш уште две или три прашања кои треба да одат секогаш заедно со таа огромна тежина која ти ги притиска градите. 

se-dodeka-ja-imav-celta-vo-sredinata-na-mojot-nisan-drugite-bea-nevazni-01

За кого ја правиш таа промена и зошто ја правиш таа промена?

Дали тоа е нешто што го чувствуваш сам или само стануваш обична кукла на нечии барања, дали од таа промена остваруваш некаква корист или ја правиш само за да се вклопиш во реката на обични луѓе?

Тој ден чекорев по булеварот и дуваше силен ветар, го чувствував студенилото на моето тело како што ја чувствував злобата на луѓето секојдневно.

Секогаш живеев со сопствените верувања, со сопствените одлуки, колку и да беа погрешни.

Многумина многупати знаеја да ми кажат како треба, но јас често знаев да се спротивставам на таквите обиди, бидејќи на крајот на денот тоа беше мој живот во кој јас требаше да научам, јас требаше да живеам и јас требаше да ги носам последиците или да се смеам на убавините на сопствените одлуки.

Одев по патот и ветерот ме тераше да се чувствувам како да сум на сцената, сон кој ми остана неостварена желба од детството, се сеќавав пеев некоја песна, беше тажна за да го долови расположението .

Луѓето ме гледаа чудно, мислеа дека сум се мрднал од умот.

 Иако да бидам искрен честопати помислуваа така, како да беа платени за да ги осудуваат моите одлуки и да коментираат на моите постапки.

Начинот на кој се држев, начинот на кој говорев, облеката, мојата фризура, се чувствував како сѐ да им пречеше. Моите филозофии, моите верувања, моите желби и сфаќања, некако беа различни од нивните.

Како да сум растел изолиран од гнилежот на секојдневието. Како да бев посебен, а тие љубоморни што се само дел од една обична приказна, додека мојата на овој или оној начин беше сосема посебна.

Повторно ги имаше тие погледи кои се обидуваа да го довикаат минатото, да ја исмеат сегашноста и да се подбиваат за иднината, но мојот поглед воопшто не застрануваше.

Ја имав целта во средината на мојот нишан, чистиот образ и исполнетото срце.

Се прифатив себеси онаков како што сите ме познаваа. Немаа начин да ме поместат од моето тежиште, не постоеше начин да изгубам рамнотежа, бев доволно стабилен за да градам цврста градба врз себе.

Додека потпевнував на ветрот помислив на сите позитивни промени кои ги направив за себе.

Сè уште требаше да се менувам, но не заради разговорите на останатите, не заради нивните глупави и застарени сфаќања...

Не заради нивната неписменост и малоумност, туку за да прераснам во една автентична фигура која ќе остави белег во ова клето секојдневие.

Бев силен, посилен и од ветрот кој корнеше гранки, решен да ја остварам таа промена за себе, за подобро утре, за еден ден да погледнат и да ги голтнат сите зборови насочени на моја адреса.

Знаев дека таа кнедла ќе ги удави, но во животот велат секој срка она што си здробил, а мојата каша беше и повеќе од вкусна, а како што можев да намирисам нивната немаше толку благ вкус...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg