20 дефиниции за среќа кои ги собира во само 5 зборчиња
Среќата не се крие во големите цели кои сме ги зацртале. Тоа не е некоја целна линија која мораме да ја достигнеме напрегајќи се.
Баш како што за среќа не е потребно многу, така и не се потребни некои големи зборови и мисли за да ја опишете.
Овие 20 дефиниции можеби имаат само 5 зборчиња, но чувството кое го предизвикуваат е незаменливо:
Среќа е...
1. Детето кое ви подарува прегратка.
2. Решението кое го менува животот.
3. Случајното среќавање со близок пријател.
4. Заедно во кревет, со филм.
5. Кога ќе завршите одлична книга.
6. Кога се будите покрај него/неа.
7. Кога избирате насмевка, покрај тешкотиите.
8. Задоволството кога нешто создавате сами.
9. Пица кога сте многу гладни.
10. Сеќавањето на првиот негов/нејзин бакнеж.
11. Добриот секс после бурна кавга.
12. Неговиот/нејзиниот смирувачки, свеж, утрински мирис.
13. Заедничкото готвење додека надвор студи.
14. Прегратката која ви кажува сè.
15. Доброто чувство кога правите добро.
16. Утрото без грижи и обврски.
17. Кога чувствувате дека сте ценети.
18. Првиот коктел на годишен одмор.
19. Кога сфаќате дека сте приоритет.
20. Смеењето додека стомакот не заболи.
М. Д. | Црнобело