10 мисли кои поминуваат низ главата на секој студент
Сите кои биле на факултет знаат колку навистина тоа е предизвик.
Ако сте биле на факултет, тогаш постојат големи шанси овие мисли барем еднаш да ви се појавиле во главата:
1. „Семинарската можеби не ми е завршена, ама јас завршив.“
2. „Како успевав да го издржам цело средно кога не можам да издржам ни едно предавање подолго од еден час?!“
3. „Ќе станам утре порано и ќе завршам на време.“
4. „Можам да го носам ова повторно. И онака никој нема да забележи.“
5. „Чекај што? Имаме вежби!?“
6. „Мислам дека најдобро ќе биде да се откажам.“
7. „Вотка оди со сѐ.“
8. „Посакувам да бев куче – разгален/а до крај на животот и не морам ништо да правам, само да бидам сладок/а.“
9. „Колку пари можам да заработам, ако спиењето во кревет беше професија?“
10. „Колку убав ден да не бидам на предавања.“
С. С. | Црнобело