Електрашки живот: 10 пати во семестар се јавувате дома со закана дека ќе се отпишете

Ако сте завршиле, студирате или планирате да се запишете на факултетот кој меѓу народот е познат како електро, тогаш сигурно сте го добиле тој чуден поглед од тетката во продавницата која работи во вашето мало, како да сте радиоактивен елемент кој ќе ги загрози животите на сите во околината.

elektraski-zivot-01

Автоматски сте ја добиле етикетата „бубалица”, а од друга страна и восхитувањето на вашата баба која со гордост знае да каже „Ех... внук ми студира на најтешкиот факултет, не знам како се викаше, ама тежок беше... “.

А вие, мачни души во вашиот обид да ги направите невозможното, побрзо поминување на четирите до седум електрашки години, сте се нашле во слични или исти ситуаци, бидејќи Господ ги создал електрашите на осмиот или деветиот ден, не можам да се сетам кој ден беше, ми се смешаа деновите...

1. Во очајните обиди да се добие добро посакуваната шестка или пак во смело бркање на висока оцена сте набавувале бесценети материјали од кај „мачињата”, a тие потајно ви тупнале материјали дури и за трето колено.

2. Во прв семестар десет пати се јавивте кај вашите дома со приказната дека сакате да се отпишете.

3. Ако вие и вашата симпатија студирате или работите на електро, на крајот од сите препреки голема е веројатноста да бидете заедно.

4. По вашето запишување, вашите низ дома очекуваат да го поправите телевизорот, фрижидерот, каблите од струјата, да пренесувате струја преку ваерлес и да создавате ви-фи од вашиот здив...

5. Во прва сигурно сте заглавиле со математика и програмирање.

6. Пријателите на телефон ве поздравуваат со „Се изгуби, само учиш, многу учиш...”

7. Ако не сте од Скопје, по дома ве гледаат двапати годишно, пред да тргнете на факултет и кога ќе се вратите, во меѓувреме е невозможно.

8. За време на колоквиумска можат да ве помешаат со бездомник, бидејќи вашиот стил, а особено вашата коса има посебен сјај.

9. Ако не сте носеле очила, сега сигурно носите или ако сте имале, диоптерот заминал во сосема погрешни насоки.

10. Вашиот сексуален живот е на значително високо ниво.

11. Омилена реченица во текот на студирањето сигурно ви била „не можам повеќе “.

12. Имате празнина во душата затоа што не постои предмет „Mерења во електротехника 2”

13. Кога ќе ве прашаат на што смер студирате колку и да објаснувате, другите само кимнуваат со главата без притоа да знаат за што зборувате.

14. 223 , 121 , 322Б ви се бројки подобро познати дури и од вашиот матичен број.

15. Колку и да не признавате, им завидувате на цимерите од Филолошки.

16. Од журка си одите порано, за да ја прочитате лабараториската и да ја прикачите пред да помине рокот.

17. За бадијала имате место во кое живеете, бидејќи на сите што им сте потребни можат да ве најдат во било кое време од денот како се тегнете по лабаратории.

18. Најпијани сте биле на бруцошка, во дворот пред факултет и тоа било единствениот пат кога буквално сте му се „помочале на факултетот”.

19. После факултет седнувате со колегите на кафе и главна тема на разговор е задачата од последните лабараториски и однесувањето на асистенката која ви ги превртела очите и колку и да барате друга тема, друга тема нема.

20. Кај колегите во стан се собирате исклучиво за решавање.

Многумина знаат да кажат дека родителите кои не ги сакаат своите деца ги пуштаат на електро, а вие додека се обидувате да не бидете вечни електраши, ви останува само една молитвата за пред легнување „Господе ова нека е последен пат кај што го полагам предметов” и сето тоа непрестајно неколку години, па кога ќе запишете втора, работите се многу полесни...

П.С. Текстов го читате со отворена скрипта пред вас, затоа што едноставно никогаш не е доста!

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гумени сандали, платнени лежалки на расклопување - Kако изгледаа летните одмори во Југославија? Никаде не се одеше без гумени сандали, чадор, пренослив фрижидер и платнени лежа...
Невести доста ги критикувате свекрвите, кажал ли нешто маж ви за мајка ви? Свекрвите вака, свекрвите така ни останало во навика да коментираме... Можеби од...
Живеам во Стојаково: Зошто избирам да живеам во село, наместо во град? Тука се живее послободно, трчаме на сопствена земја, се движиме послободно и без...
Со друштвото си ги купивме најгрдите маички за Нова година наместо убави подароци (и пресреќни сме) Иако идејата тргна од мене, сите мои пријатели сфатиле дека треба да купат грди ...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg