Работите за кои ве исмеваат сега, ќе бидат оние на кои ќе ви се восхитуваат во идина

Луѓето знаат да бидат злобни, понекогаш и без причина. Несвесни за своите постапки, во обид да доживеат лична сатисфакција или да привлечат внимание кон себе забораваат на останатите и за момент се однесуваат како животни кои тргнале да ја остварат својата цел. Без размислување, без никаква грижа на совест, без одлики на разумно суштество кое може да разграничува.

rabotite-za-koi-ve-ismevaat-sega-ke-bidat-onie-na-na-koi-ke-vi-se-voshituvaat-vo-idnina-01.jpg

Додека средував нешто низ книгите, размислував за зборовите кои јас ги претпрев на свое име додека растев. Најчесто од децата кои немаа начин како да се истакнат во општеството па единствено нешто им беше омаловажување на оние поуспешните од нив. Поддржувачите на тој чин се смееа на шегите на оној кој беше предводник на таквото омаловажување, јас се смеев на неговиот идиотизам. Но, ми требаше доста време за да го научам тоа.

Размислував на оваа тема затоа што вниманието ми го привлече натпис во весник кој раскажуваше дека петнаесет годишно момче го одзело својот живот поради тоа што веќе не можел да живее со таквите неправди. Не можев, а да не ги насолзам очите. Морници ми полазеа по телото и ја почувствував неговата болка, иако не ја оправдував неговата одлука.

Се прашував дали оние кои нанеле еден и единствен збор на тоа кутро момче ќе зажалат или повторно ќе бидат истите бесчувствителни ѕверки кои само ќе ја најдат својата следна жртва...

Го отворив компјутерот и зедов да напишам некој ред за моето слично искуство и силата која ме натера да го анулирам истото бидејќи ми беше смачено од губитници кои глумеа дека постигнале успех во животот преку обесхрабрување на останатите. Ги отворив очите и дозволив повторно да ме преплави тоа чувство, беше многу поинаку од сегашна гледна точка, но тогаш беше навистина болно.

Во целиот тој процес низ кој многумина поминуваат, треба да запомните дека треба да останете верни на себеси. Вашиот специфичен стил, начинот на кој се облекувате, начинот на кој изгледате. Она што е предмет на ваш интерес, вашето хоби, вашата замисла за животот, вашите идеи и планови. Тие се токму ваши со причина и никогаш, ама баш никогаш не смеете да дозволите да бидете исмеани или омаловажени. Бидејќи ако се најдете во таква ситуација тоа значи дека вие сте оние кои се движат кон сопствената цел, а на патот до целта ќе налетувате на секакви будали кои се тука само за да наштетат.

Немојте никогаш да се самоповредувате, немојте да плачете, немојте да се затворате во себеси, не кријте се од светот, немојте да се чувствувате осамени. Тие личности, најчесто од школските клупи, нема да бидат тука во најсреќните моменти од вашиот живот. Тие не ве дефинираат вас како личност.

Забележете дека таквите слабаци напаѓаат само воспитани и културни деца кои никогаш не би им го пукнале носот. Да бидам искрен кон себеси, кога ќе слушнам таква приказна за исмевање, жалам за сите пати кога сум пропуштил да им го пукнам носот само заради мојата академска култура.

Не посегнувајте по самоповредување и не градете депресивни мисли кои водат до одземање на вашиот живот. Истапете, секогаш кога ќе се пошегуваат на ваша сметка, пошегувајте се дупло на сопствена сметка. Тие се хранат со слабоста на прифаќањето. Ако се прифатите онакви какви што сте и нивните зборови ги претворите во празно вртење на воденица каде нема река, тогаш тие се апсолутно немоќни.

Уништете ги со успеси, затворете ги нивните злобни усти со работи кои тие не можат ни да ги замислат. Издигнете се на културен начин и смејте им се во лице кога замислените владетели на обична глутница од глупаци ќе го изгубат престолот.

Борете се за себеси, немојте да се уништувате прашувајќи што сте згрешиле. Единствената грешка е што не сте станале идиоти кои би ги правеле тие работи на останатите, а верувајте тоа е позитивната страна на приказната. Моќни сте да излезете од таа проклета и сурова страна на животот, способни за големи остварувања.

Вишокот килограми, неуспехот кај девојките, сиромашното потекло, невклопувањето во високите богати кругови, вашиот стил или изглед, можеби нема да бидат по волја на останатите, но барем ќе бидат по ваша волја.

Ако сте еден одличен оригинал, тогаш зошто да доживувате депресија која ќе ги уништи вашите најубави години?

Исправете ја главата, научете да се борите, треба време, тоа никој не може да го негира, но промената треба да биде во светот, грешката не е во вас, затоа никогаш не ја барајте таму. Носете ги сите ваши карактеристики без да се срамите дека ќе бидете исмеани, ако сепак бидете, насмејте се од срце. Тоа ќе ги боли многу повеќе од сè останато.

Бидејќи кога ќе поминат годините и ќе ве погледнат со сѐ она што сте го постигнале, вие ќе бидете човекот на кој порано се исмевале, а сега се восхитуваат. Тоа некако во животот се повторува како непишано правило...

Секогаш кога ќе наидете на таква околина, запомнете дека вие сте исмевани само заради нивната неспособност испреплетена со желбата за истакнување. А, постои ли нешто пожално од таква личност која само сака да биде нешто, а притоа нема никаков квалитет различен од злобна уста?

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што ги правевме на фиксните телефони, а денешните деца не можат да ги сфатат Се сеќавате ли колку ни беше поедноставно детството? Немавме мобилни телефони со...
Драг сопругу, потребен ми е одмор понекогаш Драг сопругу... Морам да ти го напишам тоа што често се борам да ти го објаснам,...
Не чекајте да остарите за да почнете вистински да живеете Таа на 5 години во огледало гледа принцеза, на 20 е незадоволна од изгледот, на ...
Живеам во нова зграда во Скопје - инвеститорот не ни ги исполни половина ветувања, а веќе не крева и... Од ветување за стан од висока класа добивме стан со ѕидови кои треба одново да с...
Д-р Владимир Чадиковски за CRNOBELO лексикон: „Татко ми ми е најголемиот херој“ „Кога би имал времеплов би сакал да се вратам во времето кога одевме на море со ...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg