Убавите работи во животот не доаѓаат сами, треба да го испотиш задникот да ги заслужиш

Ги врзував патиките, а во главата имав милион мисли за сите работи кои требаше да ги направам пред да излезам од вратата во обид да го фатам утринскиот автобус.

koj-bi-rekol-deka-cel-zivot-moze-da-se-promeni-od-porakata-vo-slucajno-pronajdeno-livce-na-ulica-01

Бев тотален хаос, не го испив ниту кафето, не каснав ниту овошје, а си ветив дека ќе легнам порано и ќе станам порано, но тоа беше уште едно празно ветување во низата на празни ветувања.

Повторно бев на работ со времето, како да не знаев да стигнам на време. Брзајќи ги турнав книгите, не го наместив креветот, кога некој би погледнал би помислил дека поминало торнадо низ собата, но не можев да се грижам за тоа во моментот.

Трчав кон станицата фаќајќи ја мојата чанта на едно рамо во рацете заедно со палтото во обид да добијам на време и брзина.

Сите го гледаа тој мој спринт и се смееја, дури и дофрлаа „Денеска повторно?“, смеејќи се на мојата слатка мака.

Како секогаш она што најмногу ти треба те остава на цедило кога најмалку се надеваш, по трет пат таа недела, го испуштив автобусот за да стигнам на предавања.

Погледнав во паричникот и одлучив дека ќе одам пеш, сепак повеќе бев за добар попладневен ручек отколку досадно предавање наутро.

Додека сите среќно обезбедија место во автобусот, јас останав на станицата и по сите верувања на останатите дека животот се сведува на судбина или настани кои се предодредени, јас верував во случајности.

Да бидам искрен не можев да најдам разлика помеѓу тие две, не можев ни да кажам дали се едно исто. Но тоа утро најдов ливче кое промени многу нешта не само во денот кој претстоеше туку во целиот мој живот кој требаше да се случува во иднина.

„Убавите работи во животот нема туку така да дојдат, треба да го испотиш твојот задник и да ги заслужиш“.

Малку вулгарно, можеби и некултурно, но го држев ливчето во мојата рака како тоа да беше тестамент, богатство кое некој ми го препишал.

Како најискрен совет кој се пренесувал со генерации. Беше искрено, а искреноста понекогаш знаеше да боли.

Како што знаев да кажам во мојата низа на случајности ја пропуштив лекцијата за роботските раце, но добив лекција за животот која можеби тој ден беше повредна од било која друга.

Ме натера да се потсетам колку знаеме да го губиме времето на жалење и лелекање за работите кои не се случиле или нема да се случат наместо да се фокусираме и да го дадеме максимумот за истите да донесат насмевка на нашето лице.

Размислував за луѓето општо, за мојот живот и за сите тие предизвици од кои беше сум се исплашил. Додека чекорев пешки, а имав убави триесетина минути за чекорење, размислував за пораката од ливчето.

Како се најде таму и зошто се најде таму, пред сѐ зошто предизвика толкава промена во мене, зошто беше целиот тој немир и целата таа лутина кон светот од една безобразно напишана порака на ливче кое случајно го најдов на автобуската постојка во ден кој започна како тотален хаос?

Случајност или судбина, тоа утро, тој зачеток на таа пролет имаше поинаков мирис и тоа не беше поради мирисот на расцутените липи наоколу....

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg