10 мали охрабрувачки совети за 20-годишните
Животот на 20 години е убав и возбудлив, со сите свои позитивности, но и негативности. Мора да постои баланс нели?
20-годишните луѓе имаат разни проблеми, но тие и ги имаат решенијата, само не го знаат тоа.
Понекогаш, едноставно им треба да ги поттурнеме за да успеат.
Ако и вие припаѓате во нив, тогаш еве ви неколку мали охрабрувачки совети:
1. Не треба да се променувате за да бидете компатибилни со некого
Без разлика дали зборуваме за романтична врска или за пријателство, мора да сфатите дека луѓето се тие кои што се и дека најверојатно нема да можат да се променат.
Плус, кога ќе ги пронајдете вистинските луѓе кои треба да се околу вас, ќе сфатите дека дури не ни имате потреба да се менувате за нив – затоа што тие ќе ве прифатат токму онакви какви што сте.
2. Вашиот квантитет на пријатели ќе станува помал, но нивниот квалитет ќе биде подобар
Низ досегашниот живот (основно и средно) имавте куп пријатели со кои постојано се дружевте. Како што повеќе навлегувате во 20-те, така вашиот круг ќе се намалува, но оние кои ќе останат или кои ќе влезат во вашиот живот имаат потенцијални шанси да останат тука засекогаш.
3. Никогаш не ја потценувајте моќта на искрено писмо и телефонски повик
Дигиталната ера си го прави своето, па сите се потпираме на пораки, Фејсбук, Инстаграм, Твитер... и што уште не за да направиме приватен разговор.
Поради тој „дигитален живот“ луѓето сѐ повеќе ги ценат телефонските повици, а уште повеќе писмата. Радоста и интимноста се многу поголеми доколку пишете едно писмо или преку едноставен повик.
4. Запомнете дека работите за да живеете, а не живеете за да работите
Кога станува збор за вашата професија секогаш ќе биде потребна напорна работа. Работата никогаш не дава одмор и секогаш има што да се прави, но вие треба да знаете кога да престанете.
Ако работниот стрес и умор влијаат врз вашиот личен живот, веројатно е време да ја разгледате вашата кариера.
Работата е направена за да ви ги даде средствата за живот, но таа не смее да го „вшмука“ целиот ваш живот. Одвреме-навреме потребен ви е одмор за да ги наполните батериите.
5. „Доволно“ никогаш не е доволно и повеќе не секогаш значи „повеќе“
Бидете задоволни со она што го имате и со тоа каде се наоѓате. Голем број од луѓето стануваат опсесивни со задавање на нова цел, откако ќе ја постигнат старата и така забораваат да уживаат во трудот од нивната работа.
Вистинската среќа е на крстосницата меѓу задоволството и наградувањето. Затоа, наградете се одвреме-навреме.
Сигурни сме дека заслужувате.
6. Пијте КОГА сте среќни, а не пијте ЗА ДА бидете среќни
Излезете и прославете го напредувањето. Напијте се чаша вино со пријателите за викенд и зборувајте за новата епизода од вашата омилена серија.
Избегнувајте да пиете кога сте нерасположени или се чувствувате лошо затоа што пиењето во такви случаи секогаш ги отежнува работите.
7. Здравјето е потценет луксуз
Смешно е колку несериозно си го сфаќаме здравјето сѐ додека не е загрозено. Без разлика дали станува збор за вирус во лошо време или поголем здравствен проблем кој бара внимание, ние искрено воопшто не се фокусираме на здравјето додека тоа не започне да ни предизвикува проблеми.
Истото важи и за менталното здравје. Интересно е колку менталното и физичкото здравје се поврзани. Кога се чувствувате како да губите контрола, земете слободен ден, одете на релаксирање или одете на трчање иако не ви се оди. Верувајте ни, подоцна ќе си бидете благодарни.
8. Грижата е како да плаќате камата за долг кој не сте го направиле
Кога сте во 20-тите, постојат еден куп несигурности кои ви предизвикуваат стрес и нервоза, почнувајќи од парите, до врските, до кариерата. Сепак, најдобро е да не се опседнувате и да не ги анализирате нештата премногу. Зошто? Затоа што грижата нема да го промени исходот. Полесно кажано, отколку направено?
Еве ја вистината: не секогаш можете да ја промените ситуацијата во која се наоѓате, но некогаш може да го промените начинот на кој размислувате за неа. Добрата перспектива е првиот чекор кон ослободување од непотребни грижи и нервози.
9. Уживајте во подемите и падовите на животот
Само еднаш имате 20 години. Кога работите не одат по вашите планови, вашата прва реакција ќе бидат тагата или бесот. Наместо тоа, искусете и почувствувајте ги тие типови на емоции. Ова ќе ви помогне да станете подобра и повеќе емпатична личност.
Од друга страна пак, кога искусуватењето ново и неверојатно, потрудете се да го задржите тоа чувство што е можно подолго. Уживајте во овие моменти како да се сунѓер и впијте на нивната убавина.
10. Знајте кога треба да примите пораз, а кога да се борите
Од сите точки, овој совет можеби е најтежок за применување и сфаќање. Понекогаш треба да им попуштите на малите нешта (и луѓе) дури иако се чувствувате како да треба да продолжите да се борите. Честопати, бранењето на негативни коментари или обвиненија ги прави да бидат поочигледни него претходно.
Ќе постојат многу луѓе кои ќе се обидат да ви го упропастат денот или кои ќе го нападнат вашиот карактер, но кога ќе постигнете одредено ниво на самодоверба и самосвесност, овие незначајни разговори дури нема ни да постојат за вас.
С. С. | Црнобело