Внимавајте со кого градите кула од песок
Еден рабин ги набљудувал децата кои на крајбрежјето граделе кула од песок. Кога завршиле со кулата за која потрошиле многу време и трпение, пристигнал бран кој само за минута ја срушил кулата.
Децата се фатиле за раце и почнале да се смеат. По неполна минута повторно започнале да градат нова кула.
Рабинот рекол: „Научив важна лекција од децата! За многу работи во нашиот живот трошиме многу време и енергија, несвесни дека всушност градиме кула од песок.
Порано или подоцна ќе дојде бран и ќе го однесе сето она што трудољубиво сме го граделе, а кога ќе дојде тој момент ќе можеме да се смееме само тогаш кога ќе имаме некој со кој ќе се држиме за раце“.
Н. Г. | Црнобело